Во Виена, Австрија на 19.09.2024 година во Амбасадата на Р.С. Македонија, беше промовирана книгата од авторот Виолета Калиќ насловена “Осврти- рефлексии, илуминации и реминисценции”.
Книгата ја промовираше НЕ Освит Росоклија, амбасадор на Република С. Македонија во Виена, во присуство на претставници од дипломатскиот кор, амбасадори, екселенции од Мировната мисија на ОБСЕ, претставници од дијаспората, од здружението и студиото на архитектите, од сферата на дигиталната IT технологија и љубители на уметноста, кои непосредно го изразија своето воодушевување од настанот во синергија со големата мултикултурна изложба на групата од преку 60- тина уметници од Р. С. Македонија која беше отворена по тој повод во салоните на Амбасадата на Р. С. Македонија.
Таму беше одржана и промоцијата на книгата на историчарката на уметност Виолета Калиќ која на 300 страници, со нејзините бројни осврти кон многубројни самостојни и групни изложби, ликовни колонии, мултимедијални хепенинзи и перформанси, во изминатите преку три децении активно дејствување во сферата на визуелните уметности, успева да обедини разни генерации уметници од земјава и од надвор, преку разнородни тематски и изразни проекти.
Во книгата во повеќе разни поглавја се застапени и преку 150 колор фотографии на ликовни дела на уметниците учесници во разни проекти. Дел од освртите на Виолета Калиќ се објавувани и во превод на повеќе јазици и во бројни каталози по повод изложбите кои ги промовира во земјата и странство.
Во Виена промовирана “Осврти- рефлексии, илуминации и реминисценции”
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.