Доделени наградите на петтата Интернационална поетска манифестација “Сплоти се Македонијо”

13

22.09.2024

На петтата Интернационална поетска манифестација “Сплоти се Македонијо”,денес доделени се наградите за поезијата на наградените поетеси и поети од Македонија и дијаспората.
Во категоријата “Песни од Македонија” Гран при е доделено за Божана Тренческа, прва награда за Оливера Јовановска, втора награда за Ивона Даноска, а трета награда за Сузана Рулеска.
Награди “8-ми септември” за нивните поетски дела беа доделена на Александра Ангеловска, Валентина Ѓоргиевска и Снежана Паноска.
Во категоријата на “Песни од дијаспората” Гран при освои Љубица Поповска, прва награда Зоран Тасевски од Холандија, втора награда Маја Смилевска од Канада, трета награда Џенифер Давидовска од Америка.
Детска поезија напишаа повеќе деца чии стихови пленуваа, а Гран при беше доделено на Христијан Јовановски, прво место на Матеј Спасовски, второто место го поделија Ана Павлеска и Немања Јорданов, а трето освои Викторија Јелчева од Франција.
Награда “8-ми септември” е доделена на Викторија Чилакова.
– И оваа година пристигна многу убава поезија од разни страни на светот и тоа во голема бројка. Дел од неа не беше разгледувана поради промашување на темата. Жири комисијата во состав пхд Златко Тимковски Лос Анџелес, Америка, пхд Лидија Велковска од Торонто, Канада, Бранко Николовски познат текстописец од Скопје и Симе Младеновски, организатор и продуцент, имаше огромна и напорна работа, ќе речат организаторите.
– Сѐ беше детално оценувано и сите награди се заслужени. Се надеваме и наредната 2025 година повторно ќе учествувате и ќе бидете уште покреативни, а и масовно ќе учествувате, бидејќи ние ова го правиме за Македонија и не отстапуваме од нашата определба, а секогаш ќе се заложуваме за сплотеност на македонскиот народ ширум светот, вели Симе Младеновски.
Медиумски покровител на оваа манифестација која се одржува по петти пат е емисијата “Лица и дела” на ТВ Сонце.
Медиумски помагатели се Радио Брич- Преспа, Добро утро Македонијо- Сиднеј, Македонски глас- радио Мелбурн, 2ХХ фм- Канбера Австралија, Радио Македонија- Германија, портал за култура и уметност Куларт (на фотосот), портал Сонце, Забава портал- Холандија и Свет портал- Франција.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.