„Скопје, град, архитектура и уметност на солдарноста“, изложба од МСУ во Краков

Од основањето на Музејот на современата уметност Скопје има и донација на полски 134 автори, застапени во  212 дела . Полската колекција на МСУ за прв пат од добивањето (1963 година ) се изложува во земјата донатор-Полска.

Интересот за оваа селекција на дела започна пред неполни три години, кога и прелиминарно е направен еден преглед на делата од страна на стручни лица кустос и конзерватор од Полска во соработка со Амбасадата на Република Полска во Република Македонија, за да во 2018 година кустоси од Интернационалниот културен центар во Краков : Моника Рудигер, Агата Васовска и Лукаш Галушек во соработка со кустосите Марика Бочварова- Плавевска и Благоја Варошанец од МСУ направија финална селекција на делата за изложбата, која ќе се отвори на 10 јули 2019 во Меѓународниот културен центар во Краков, Полска.

Во целиот тек на преговори е вклучено и Министерството за култура како подржувач на овој проект во рамките на билатералната соработка помеѓу културните институции на двете држави. На изложбата ќе бидат претставени 76 уметнички дела, цртежи, графики, скулптури, слики, плакети и архивски материјал.

Во состав на оваа изложба во соработка со Архитектонскиот факултет при УКИМ и Музеј на град Скопје ќе бидат изложени 5 макети (Градски архив на Скопје, Телекомуникациски центар Скопје, Универзитетски кампус Св.Кирил и Методиј, Музеј на современата уметност и Македонска опера и балет) како и оригиналната макета за изгледот на пост земјотресно Скопје на Кензо Танге.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.