Од денеска 18.09.2024 до недела 22 септември во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ ќе се одржи седмото издание на Меѓународната уметничка колонија “Трпејца 2024”.
Годинава на колонијата ќе учествуваат уметниците: Нина Тодоров и Владисав Богичевиќ од Ниш, Данчо Ордев од Скопје, Николаос Тамоутселис од Лерин и Наташа Попоска- Карче и Ѓоко Симјаноски од Охрид.
По традиција тие ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците од Пештани и Трпејца, со мештаните, но и туристите.
Уметничката колонија е под покровителство на Општина Охрид.