Во Битола – Прв Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО

На 4 и 5 јули во Општина Битола и во Центарот за култура-Битола, ќе се одржи Прв Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО.

Форумот ќе бидена тема : „Улогата на иновациите и едукацијата во локалниот развој на градовите “.

За време на форумот ќе бидат вклучени високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Брадфорд, Лоѓ, Бристол, Галвеј, Рим и Софија, претставник од Интернационалниот политички истражувачки центар специјализиран за култура и креативни индустрии KEA European Affairs од Брисел, како и претставници од домашните релевантни институции, невладиниот и бизнис секторот кои работат во креативните индустрии и филм. Форумот го организира Здружението за филмска уметност ЦЕНТАР ЗА ФИЛМ Битола во насока на зголемување на соработката помеѓу градовите во областа на иновациите и едукацијата. Ова е прв форум од ваков вид кај нас и во регионот.
Форумот е од исклучителна важност за градот Битола, како рамноправен член на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО од 2015, и  е еден од 13-те градови кои се дел од овој филмски кластер на УНЕСКО, единствен од Македонија и еден од ретките од регионот. Мрежата е клучен партнер на УНЕСКО.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.