Од 26 до 28 септември 2024 година ќе се одржи познатата манифестација “Преспански јаболкобер” со која свечено се отпочнува берењето јаболка во Ресен и Преспа.
Три дена во центарот на градот ќе се прославува со музичка театарска програма и други приредби.
На 26 септември настапуваат:
ФА “Ситница”
Куд “Таше Милошевски”
На 27 септември:
“Астра бенд”
Група “Кода”
Даниел Мехмед
Наум Бумбаровски
ДНК
На 28 септември:
Григориј Прцуловски
“Пуш пауза”
“Екстраваганца”
И за крај како најпозната група од балканските простори “Дивље јагоде”.
А овој месец, на 11 септември, јубилејно се одбележаа 80 години од ослободувањето на Ресен и Преспа со одржување на свечената седница во големата општинска сала.
Делегациите, потоа, на чело со градоначалникот на општината, господинот Јован Тозиевски, положија свежо цвеќе на спомен обележјата на загинатите херои од НОВ кои ги положија своите животи слободна и независна Македонија.
Празникот на ослободувањето на оваа борбено славна околина со голема историја се слави и на Петти ноември.