Утревечер свечено врачување на награди на ДПМ за 2023

23

Утре во 19:00 часот, 18.09.2024 година, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи Свеченото врачување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2023 година, на следните автори:

-Наградата „Стале Попов“ за „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски;

-Наградата „Ацо Шопов“ за „Коњски житија“ од Зоран Анчевски;

– Наградата „Ванчо Николески“ за „Земјата на чудесните сказни“ од Билјана С. Црвенковска;

-Наградата „Димитар Митрев“ за „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска- Дракулевска и Влада Урошевиќ.

Претседател на Друштво на писателите на Македонија е Живко Грозданоски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.