Жан Павлов прв квиз-шампион на Македонија, Филип Гогу и Ален Калач најдобри во парови

 

 Скопје, 16.9.2024 година

Македонската квиз асоцијација (МКА) го организираше првото Државно квиз првенство на Македонија кое што се одржа на 15 септември, во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје, првенството се одржа во две категории индивидуално и во двојки.

На првенството учествуваа натпреварувачи од повеќе градови од Македонија, а најдобар во поединечна конкуренција беше Жан Павлов кој што заслужено ја освои титулата прв квиз-шампион на Македонија со освоени 115 поени, пред Илија Стевков со 111 и Бари Исени со 109 поени. Автор на квизот беше Небојша Ангелов кој што согласно стандардите на Светската Квиз Асоцијација подготви 200 прашања, по 25 во секоја од официјалните категории (Култура, Спорт, Животен Стил, Наука, Медиуми, Историја, Забава и Свет).

Во натпреварувањето во двојки, по квалификациите, најдобрите 8 парови се пласираа во финалето во кое што најуспешни беа Филип Гогу и Ален Калач со вкупно освоени 121 поен, пред Бари Исени и Жорж Димовски со 108 и Александар Боцески и Стефан Стошиќ со 101 поен. Автор на квизот беше Жан Павлов кој што подготви 160 прашања во квалификациите и 40 прашања во финалето.

Со првенството започна новата натпреварувачка сезона на МКА во која што ќе има уште 9 тематски и 3 мастерс квизови, а која што ќе кулминира со светското првенство во јуни 2025 година.

Од МКА ги канат сите заинтересирани на учество во натпреварите и членство во асоцијацијата која организира мноштво квиз настани во текот на целата година и низ разни градови низ земјата.

Информации за државното квиз првенство на Македонија за 2024 година и активностите на МКА може да најдете и на фејсбук страницата на Македонската Квиз Асоцијација

https://www.facebook.com/events/524181940264535?ref=newsfeed

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.