Книжевна средба со Катарина Лоа ван Хоф на 17 септември

Францускиот институт во Скопје и Фестивалот „Про-за Балкан“ ќе одржат книжевна средба со г-ѓа Катарина Лоа ван Хоф, основач на француската издавачка куќа „Les Argonautes“, и Лали Бернар, книжевен агент. Тема на средбата е издаваштвото во Франција, а ќе се одржи во вторник, 17 септември 2024, во 17 часот, во Францускиот институт во Скопје.

Настанот е прв во редицата настани за претстојната сезона, кои се организираат во чест на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје и, исто така, се дел од програмата на 12. издание на фестивалот „Про-за Балкан“.

Во рамките на книжевната средба, Катарина Лоа ван Хоф и Лали Бернар ќе проговорат за нивните професионални ангажмани, за издаваштвото во Франција, како и за предизвиците на младиот автор во процесот на издавање литературно дело. На средбата ќе се споменат и најзначајните книжевни наслови за оваа есен во Франција.

Настанот ќе го модерира г-дин Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и истиот ќе се одвива со консекутивен превод.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.