Ранец и училиштен прибор за секое прваче

8
Училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна 2024/2025 година. Училиштата подготвени ги дочекаа првачињата, како и учениците од погорните одделенија. Како и секоја година, со организирани приредби, повозрасните ученици, одделенските наставници и директорите им посакаа добредојде на новите 230 првачиња во општина Гевгелија.
На дочекот на првачињата во сите основни училишта, присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, посакувајќи им среќна и успешна учебна година, исполнета со многу насмевки, лесно усвоени знаења и другарување. Традиционално, локалната самоуправа обезбеди ранец и училиштен прибор за секое првоодделенче.
– На овој начин, даваме придонес и им помагаме на родителите, а истовремено ја зголемуваме радоста на првачињата и правиме да се чувствуваат среќно, истакна градоначалникот Сарамандов. Притоа, им посака успешна учебна година и на сите останати ученици, како и на професорите, искажувајќи им почит за нивниот континуиран придонес во изучувањето и воспитувањето на следните генерации.
Првачињата во општина Гевгелија добија и пакетчиња со училиштен прибор од Халк Банка АД Скопје, којашто години наназад ја покажува општествената одговорност со причинување радосен почеток на нивното образовно патување. Притоа, добија и едукативен материјал за поттикнување на финансиската писменост уште од мали нозе- „Букварот на Халки“. За што, Сарамандов изрази благодарност до донаторот и вклучувањето на Општина Гевгелија во нивната иницијатива.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.