Младите се едуцираа за еколошки иницијативи

6
10.09.2024
17 млади од општина Гевгелија, членови на повеќе форми на младинско здружување, деновивеја проследија Работилницата „Кожуфски дијалози: Младинска едукација и еколошки иницијативи“.
Во рамки на работилницата, им беше претставена едукативната платформа за млади еко- активисти edu.bidizelen.org, на којашто можат да следат онлајн-курсеви на теми од областа на животната средина и климатски промени, како и да добијат правна помош за решавање проблем и да направат промени со вклучувањето во креирање локални политики за животна средина.
Притоа, преку работа во групи и интеракција со обучувачите и службеникот за млади во Општина Гевгелија, разменуваа идеи и креираа еколошки иницијативи врз основа на актуелните еколошки предизвици. Коишто пак, преку развивање конкретни планови за акција ќе бидат застапувани од Локалниот младински совет на Општина Гевгелија.
Исто така, младиот Христијан Стојков од Гевгелија, дипломиран машински инженер, ја презентираше својата подготвена Прелиминарна студија на изводливост на систем за споделување и изнајмување велосипед во Гевгелија.
Еднодневната работилница „Кожуфски дијалози: Младинска едукација и еколошки иницијативи“ се реализираше во рамките на Проектот: „Младински активизам за позелени општини “, финансиски поддржан од Европската Унија, а го спроведуваат од Македонско здружение на млади правници, Go Green- Биди Зелен, Центар за климатски промени и Младинска aсоцијација
„Креактив“- Кавадарци.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.