Анка Гиева замина во легендите 

8.09.2024

На 86 години во Скопје денес почина и доајенот на македонската народна песна Анка Гиева.

Гиева е позната како изведувач на македонски народни песни. Била професионално вработена во Македонскиот народен театар, а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ во Скопје.

Снимила голем број антологиски песни за потребите на Радио Скопје, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, “Да сум бистра вода”, “Отвори ми бело Ленче” и др.

Во 2022 година добива “Орден за заслуги” на Република Македонија од претседателот Стево Пендаровски.

Нејзиното творештво е многу со богата ризница, нејзини песни се:

Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо

Ах мори мајко

Битола, мој роден крај

Бог да бие мојта мајка маќеа

Да сум бистра вода

Дали си се наспало

Дотекла вода студена

Еј мори Ленче, младо фиданче

Елено ќерко, Елено

Ја излези либе на пенџере

Ја излези стара мајко

Јана мајка луто колне

Јас сум мома пак мома

Кажи Васке Евдова

Кажи, кажи либе Стано

Каранфило филфило

Кој ти ги даде тие црни очи

Крај Вардара седеше

Лилјано моме убаво

Мајка на Марика думаше

Малките моми

Ме сакаа двајца тројца

Мирјано моме Мирјано

На кого е црна жената

Не се фаќај Доне, Донке

Од Битола појдов

Оди бре либе

Ој девојче, бело и црвено

Пилето ми пее

Посеал дедо леа босилок

Прошетал Димчо, рашетал

Славеј пее на трендафил

Сношти минав крај рајската градина

Сношти си мори мамо отидов

Тодоро, либе Тодоро

Црна се чума зададе

Чула баба разбрала

Што си налутено либе

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.