Скопје, 1 септември 2024
На виртуелниот светски музички фестивал “Ворлд Сонг контекст 2024” Македонија ја претставува песната “Младост- лудост” со Фиц и “,The invisibles-“.
Гласањето е до денеска, а потоа ќе се знаат резултатите. Исто така се натпреваруваа преставници и претставнички од 35 земји и меѓу кои има и доста познати пејачи, како Рита Ора и Роберт Шулц потоа евровизискот ѕвезди Вања и Сергеј, Ана Виси, Тамта, Елени Фурера, Џаде актуелната Лука од Белгија и други.
Земји учеснички се: Албанија, Австралија, Австрија, Белорусија, Белгија, Бразил, Бугарија, Канада, Колумбија, Хрватска, Куба, Кипар, Чешка, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Индонезија, Израел, Италија, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Латвија, Македонија, Малта, Мексико, Филипини, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Шпанија, Шведска, Велика Британија и САД.
Ивица Стојановски- Фиц е пејач и гитарист на некогашната славна и досега најголема скопската поп атракција од 90-тите “Студени Нозе”. Најново, заедно со својот бенд The invisibles последниве години направи кам- бек на македонската музичка сцена.
Покрај изведбата во живо на старите големи хитови “ Кучето мое”, “50 марки”, “Ти си проблем”, “Педигре”, “Опинок” и други, тој заедно со познати музички имиња во ги сними трите сингла “Е мој Фиц”, “Марија” и “Младост- Лудост”.