Перипетија Продукција- Парите како табу, младите поставуваат прашања!

Од 27.08.2024 до 31.08.2024 во Лабораториум е во тек реализацијата на kick – off кампот во рамките на проектот Театарот ги обединува младите TRY кој обединува 45 средношколци од С.Македонија, Грција и Србија. Низ заедничко креативно истражување младите поставуваат прашања и се обидуваат да најдат одговори на една од најсилните табу-теми во денешно време- парите.

Што се парите? Дали тие имаат влијание на начинот на кој се доживувавме себеси, другите, општеството или планетата на која живееме?

Методологијата на реализација на интензивните креативни работилници вклучува поттикнување на учесниците од различни гледни точки, преку креативни вежби и употребана релевантни текстови да истражуваат и зборуваат за парите и нивното значење; како и стратегии на gamification и употреба на виртуелна платформа за соработка. Во текот на оваа учебна година, млади ќе имаат и по 10 работилници локално како и 10 експертски предавања, 60 онлајн сесии и 3 меѓународни ко- креации.

Во текот на престојот во Скопје преку низа организирани настани тие имаат можност да се запознаат со градот и дел од неговите најзначајни места вклучително со Музејот на современата уметност како симбол на солидарноста- една од клучните вредности на база на која ги градиме врските помеѓу учесниците во проектот.

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран одпрограмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура на СРМ и во соработка со Македонски народен театар и Театарот за деца и младинци Скопје во кој учествуваат 5 меѓународни огранизации од Србија, Чешка, Грција и Северна Македонија (Ehoanimato, Peripetija, ArtCanAct, Tri groša, ViceVersa).

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.