БИТОЛА: Концерт “Едно срце имам душо” во чест на авторот Тоде Новачевски 

10

На 29 август 2024 година во големата сала на НУ Центар за култура Битола, во рамките на Битфест 2024, се одржа концерт „Незаборав“ посветен на Тоде Новачевски, со познати битолски пејачи.

Со 14. издание на најубавата традиционалната манифестација „Незаборав“, посветена на овој познат композитор, се затвори годинашното издание на битолското културно лето Битфест.

Боби Поповски дојде од Австралија да пее на “Незаборав”. Тој ја отпеа “Од љубов не се бега” од Тоде Новачевски.

Новачевски е роден во Битола, тој повеќе децении живееше во Мелбурн.

Композиторот Тоде Новачевски, автор на најпопуларните песни на поп дуетот Маријана и Росана, почина во 2022 во Мелбурн на 66 години. Тој беше поранешен сопруг на пејачката Маријана Сариќ, која со сестра си близначка Росана ги испеа неговите најголеми хитови, како „Признавам“, „Свири ми брате цигане“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“ и „Има една судбина“.

Новачевски ја пееше насловната песна „Урде чавен“ во ТВ-серијата „Трст виа Скопје“.

Автор на проектот „Незаборав“, а во рамките на овој проект и концертот насловен “Едно срце имам душо”, според евергринот на Новачевски, е битолскиот продуцент Панде Димитровски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.