На 30 август (петок) 2024 година ќе се одржи традиционалниот еко настан „Sound of Green“ во МКЦ, во организација на Пакомак, а во соработка со Швајцарската амбасада.
Годинава, пред скопската публика од 20:30 часот на две сцени, во паркот зад МКЦ и пред бифето, ќе настапат младата локална група Moira, Игор Џамбазов и Гуру Харе со бендот,
како и гостите од Швајцарија, ORPHIA и DJ ALEX NANTAYA. Дополнително, пред почетокот на музичката програма, во 19 часот, во МКЦ ќе биде отворена изложбата „Чиста технологија- швајцарски решенија за предизвиците на денешницата“
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.