Македонската патриотска музика во изведба на познатите македонски интерпретатори одекна на .Градскиот плоштад во Крива Паланка, во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме “ на Сендеровски продукција.
Публиката со овации ги следеше емотивните и познати македонски евергрини, како што се „Послушајте патриоти“, „Ако згрешам нека изгорам“, „Ја излези Ѓурѓо“, „Ој, Вардаре“, „Животе брате“, „Оган да го гори“, „Јовано, Јованке“, „Едно име имаме“, и „Заветна“.
Доајените на македонската музика изведоа вистински спектакл, а бројната публика од Крива Паланка, соседните градови и од регионот на едно место можеше да ги види и слушне: Сузана Спасовска, Наум Петревски, Зуица Лазова, Миле Кузмановски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, „ДНК“, Огнен Здравковски, Александар Тарабунов, Бојана Скендеровски, Мина Блажев и Марија Спасовска.
Настанот е дел од Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата“.