23.08.2024
Со звукот на тапаните што одекна низ целиот град, предводејќи го дефилето низ централната улица и спектакуларен огномет на крајот од програмата, во Крива Паланка синоќа беше затворено годинашното, 19то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал “Св.Јоаким Осоговски”.
Над 700 играорци од 18 фолклорни друштва од Турција, Бугарија, Србија, БиХ и Македонија, на трите фестивалски вечери го покажаа богатството на та традиција и фолклорот низ танците, ората и носиите.
Завршницата на богатата програма кулминираше со одличната интерпретација на Елена Андоновска, која извонредно ги отпеа познатите народни рефрени заедно со “Седенка” и ја расположи публиката што уживаше со програмата на “Крива Паланка – Град на културата” и “Кривопаланечко културно лето”.
Третата празнична вечер во градот пулсираше во ритамот на “Шопско село 2024” во чиишто рамки за првпат годинава се одржува и “Фестивал на занаети и ракотворби” како и вториот “Фестивал на храна”.