Во рамките на проектот: „Имплементација на Конвенцијата за заштита на правата на детето во Македонија“, спроведуван од Коалицијата на младински организации СЕГА, Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Младински образовен форум, поддржан од Детската фондација Песталоци, заради целосно информирање за состојбите, денеска (вторник) Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, ќе одржи прес конференција со почеток во 10:00 часот во хотел „Порта“.
На Пресот ќе биде презентиран Извештајот за застапеноста на детските права во работата на Собранието во периодот од јануари до 23 јуни 2019 година. Новинарите и јавноста ќе бидат информирани за степенот на застапеност на детските права генерално во Собранието. За актуелните состојби ќе зборуваат м-р Драги Змијанац – Претседател и основач на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, Јана Зенговска – координатор на проектот ПДАС Меѓаши (подготовката на извештајот и генерални согледувања) а новинарите ќе имаат можност повеќе да се информираат за ова многу суптилно прашање.
Модератор: Катерина Конеска – Раководител на проектен сектор во Прва детска амбасада во светот Меѓаши