16.08.2024
“Нашата мини турнеја во Македонија и Словенија ја започнуваме оваа недела, на 18 август 2024 година, и тоа во нашата убава Битола. Се гледаме пред Плато на Офицерски Дом во Битола од 20.00 часот.”
Со оваа најава Триото Џентлмен препознатливо по својата музичка елеганција заминува на турнеја во Словенија.
Интересот е голем и засега е најавено дека за 12 дена ќе одржат 8 концерти.
По концертот во Битола, следуваат:
20.08 Крањ
22.08 Копер
23.08 Брје
24.08 Нова Горица
-Проектот е поддржан на Конкурсот на Министерство за култура за проекти од национален интерес во меѓународна дејност. Во Словенија имаме силна поддршка и помош во организирање на концертите од македонските здруженија во Крањ- МКД “КИМ”, во Копер- МКД “Кочо Рацин”, во Нова Горица- МКД “Охридски Бисери”. Голема помош имавме во овој процес и од Македонска православана црква од отец Дејан Миловски, одговорно свештено лице во црквата Богојавление Водици во Копер, вели нивниот продуцент, Трајко Јордановски и додава:
-Концертот во Брје го организрав со помош на мојот пријател Миран Рустја познат композитор и хорски диригент на повеќе, познати хорови во Словениј, кои постигнуваат големи успеси со своите настапи на фестивалите кај нив, но и во странство. Веќе следната година со “Џентлмени” сме влезени во официјалната програма во Нова Горица која е Град на европската култура во Словенија за 2025 година. Во најава се и соработки со организатори на концерти во Љубљана, Целје, Марибор, Постоинска Јама и други словенечки градови…но, исто така следната година планираме во турнејата да вклучиме концерти и во Загреб и Дубровни, како и во Трст и некои други градови во северниот дел од Италија…
***
По враќањето турнејата продолжуваат на домашен терен, со што ќе се соберат вкупно четири концерти во Словенија, четири концерти во Македонија (со извонредни нумери, меѓу кои “Lasciate mi cantare”, “Everybody has to have a friend”, “Сербез Донка”, “Штом се сака”…).
И тоа:
27.08 Скопје
28.08 Пробиштип
29.08 Гевгелија