Наградата “Македонски Феникси” за поетот Милачиќ, испратена преку црногорскиот амбасадор во Македонија

30

Скопје, 16.08.2024

Претседателката на Здружението Хуманитарно Културен ФЕНИКС, м-р Билјана Челик, на покана на вршителот на должност Амбасадор на Црна Гора во Македонија, г-дин Велимир Шљиванчанин, деновиве ја посети Амбасадата на Република Црна Гора во Македонија преку која ги испрати наградата за животно дело “Македонски Феникси” на црногорскиот писател Миодраг Миња Милачиќ кој е и Лауреат на фестивалот “Заедно за Скопје” и добитник на наградата “Златен Феникс” , а од оправдани причини не беше во можност да присуствува на фестивалот, што се одржа на 26 јули 2024 година во МКЦ.

Во разговор со Претседателката таа нѐ информираше дека е воодушевена од топлото гостопримство на г-дин Велимир Шљиванчанин и дека се воделе конструктивни разговори за продлабочување на идна културна соработка.
Воедно ни напомена дека е благодарна на Бога бидејќи и ги отвора вратите кон светот и изрази голема благодарност на добитникот на наградите г-дин Миодраг Миња Милачиќ, при што ни откри дека соработката со вВеликанот на новото време на книжевноста (штом таа така вели веруваме познавајќи ги нејзините високи критериуми во однос на пишаниот збор), продолжува и се во разговори со него за негово гостување во Македонија и промоција на неговото творештво.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.