Ретроспектива на “Распеано симитче” – Фестивал на детска песна, кој ги обединува авторите, креативците и младите таленти од градот и регионо, ќе биде реализирана на 17 август, сабота, со почеток во 20,00 часот на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка.
На концертот ќе настапат солистите и хорчето “Симитчиња” кои ќе ги изведат омилените детски хитови со модерни аранжмани и познати рефрени.
Најмладата публика, но и возрасните, со нетрпение го очекуваат настапот на „Симитчињата“ кој е во рамки на Кривопаланечко културно лето и Крива Паланка- Град на културата 2024“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.