Здружението Хуманитарно Културен ФЕНИКС се збогува со маестро Џенгиз Ибрахим

15.08.2024

Здружението Хуманитарно Културен ФЕНИКС вечерва информира за загубата на еден од основачите и член на управниот одбор големиот хуманитарец, нашиот скапоцен уметник Џенгиз Ибрахим еден од значајните, најголемите уметници виртуоз на канон и саз, композитор и педагог.
Во своето соопштение до јавност тие со почит зборуваат за овој виртуоз.
Џенгиз Ибрахим е роден во Скопје. По дипломирањето на Факултетот за музичка уметност, магистрира на Институтот за фолклористика „Марко Цепенков“ на стари турски музички инструменти. Ги свиреше сите источни инструменти, а главен инструмент му беше канон, ут и сазот. Работел како музички уредник и водител на музички емисии во МРТ, а соработувал со повеќе музичари од земјата и од странство и учествувал на многу музички фестивали.
Ибрахим го реинкарнира румалискиот мелос и води музички разговор меѓу културите во светот. Има компонирано музика за театар меѓу кои и музиката за претставата „Солунски патрдии“ на Драмскиот театар Скопје, а исто така е автор и изведувач на музиката за балетот „Врати“ во продукција на МОБ. Има издадено четири музички албуми.
Тој свири речиси на сите источни инструменти. Главни инструменти на кои свири се канун, уд и саз. Работел како музички уредник и водител на музичка програма во редакцијата на турските публикации на МРТ.
Беше член е на групата „Музичари без граници“ од Холандија. Соработувал со Влатко Стефановски, рок бендот Мизар, Анастасија и др. Учествувал на многу музички фестивали во нашата земја и во странство.
Делата и композициите на Џенгиз Ибрахим се состојат од богати содржини на ренесансна, барокна и современа музика. Со оживување на румелиската мелодија, Џенгиз Ибрахим знае да воспостави дијалог со музичарите на сцената, односно да води музички разговор меѓу светските култури.
Компонирал музика за театри, како што се „Жени“, „Баханалии“, „Корпулу- театар Војдан Чернодрински“, „Кара Калем“, „Кел Мехмет“, „Шехерезада и Шахријар- Приказни за 1001 ноќ“, „Кабаре оркестар“ (Албански театар).
Компонираше музика за „Ах љубов моја“ (театар комедија) и легендарната претстава „Солунски патрдии“ на Драмскиот театар Скопје во режија на Коле Ангеловски.

Концерти:
-Манастир Битфест 2015 година
-Гласовите на чаршијата 2011 Скопје
-МИР НЕОГРАНИЧЕН ФЕСТИВАЛ 2005 год
-ЛОКУМФЕСТ 2007 Манастир
-Етно фестивал 2012 Монастир
-Фестивал на „World Music“ Монастир 2010
-Учество во мандолинскиот оркестар „Скопје“ 2011 Новогодишен концерт
-Манастир ЛОКУМФЕСТ 2011
-СКОПСКО ЛЕТО 2016 Концертна МОБ мала сала
-ДФЕСТ- Дојран (личен концерт- 2019)

Рецитали:
-Канун и саз музички рецитал
-Културно информативен центар – KİC: ЛИТЕРАТУРСКА НОЌ ПОСВЕТЕНА НА ИЛХАМИ ЕМИН-2011
-Рецитал ГЛАСОТ НА ЗАКОНОТ– во зградата на турскиот конзулат во Призрен
-Рецитал организиран од Турскиот културен центар Јунус Емре во Музејот Етнологија – 2017 година
-рецитал на цитра и виолина- 2015
-рецитал Традиционално турско кафе, канон рецитал– 2015

Гранд Плаза Скопје
Прослава по повод 100-годишнината од победата на Чанаккале, во соработка со Институтот Јунус Емре од Скопје и Академскиот истражувачки центар во Анкара (АДАМ)

Џенгиз Ибрахим е автор и на модерната балетска музика наречена „Враќање“ во продукција на Македонската опера и балет.
Ги издаде и албумите „Cengiz İbrahim“, „Hicaz“, „Turkuaz“.

Во 2019 година, книгата „Инструментална турска народна музичка традиција во Република Македонија и на Балканот“ ја објави Издавачката куќа „Јени Балкан“, со делумна поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Промоцијата на книгата се одржа во Културниот центар на Македонија– Истанбул.
Џенгиз Ибрахим подготви брошура со дополнителни музички примери.
Тој успешно ја претставуваше синтезата на музиката алатурка и алафранга не само кај нас туку и на меѓународната платформа. Музиката изведена на сцената и неговите дела секогаш ќе останат во нашите сеќавања.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.