„Потрети и нивните луѓе“- изложба на минијатури на Александра Гедеон

Во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, на 15 август, четврток, со почеток во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата „Потрети и нивните луѓе“ на уметничката Александра Гедеон.
Изложбата нуди нова перспектива на гледање портрети преку кои се разбира карактерот и се чувствува душата на портретираните лица. Акцентот е ставен на ситноста- минијатурата, играњето со линијата и контрастите, кои ги отсликуваат психолошките состојби на лицата.
Изложбата „Потрети и нивните луѓе“ е циклус кој обединува серија од 80 минијатури што авторката ги создала во изминатите три години. Овие дела ја покажуваат нејзината креативна зрелост, трпеливост посветеност за постигнување на максимална експресивност во минијатурен формат.
Александра Гедеон е родена во Панчево, а во 2010 година дипломирала на Факултетот за применета уметност, отсек ѕидно сликарство, во Белград. Досега има реализирано повеќе групни изложби и учествувано на меѓународни ликовни колонии. Работи како кустос во Галеријата за современа уметност во Народниот музеј во Смедеревска Паланка.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.