Крива Паланка повторно ќе биде единствен македонски град- домаќин на Europ’Raid

11

На 15 август (2024), по четврти пат, Крива Паланка ќе има чест и задоволство да биде единствен македонски град- домаќин на авантуристичкиот Peugeot 207 караван „Europ’Raid“, што го организираат на млади авантуристи од Франција кои патуваат и се запознаваат со природните убавини, културата, традицијата и кулинарството на 20 европски земји.
По нивното пристигнување во Крива Паланка , ќе се одржи франкофонски музички хепенинг во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“, збогатен со македонски фолклор со цел запознавање на македонската култура и традиција, вечерта гостите ќе имаат можност да проследат културно- уметничка програма и концерт на BAD ASS ALL на Градскиот плоштад.
Во рамките на овие активности, ќе присуствува делегација од Амбасадата на Франција, претставници од Францускиот институт од Скопје и повеќе франкофонски здруженија и организации.
Крива Паланка е одбрана за македонски град – домаќин на овој авантуристички мото караван од страна на „Europ’Raid“ и во соработка со Амбасадата на Франција, поради бројните активности и покажани резултати во областа на франкофонијата.
На 3 август 2024 година, започна 9- то издание на Europ’Raid, првата авантуристичка обиколка со автомобили „Пежо 205“ низ 20 земји во Европа, а во рамките на истата, околу 610 Французи тргнаа од Париз, во духот на меѓународната солидарност, носејќи со себе училишна и спортска опрема која ја донираат на училишта од Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и Македонија. Поминувајќи 8.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија да обезбеди 70 кг. училишна или спортска опрема: училишни ранци, училишен прибор, тетратки, топки, разновидни друштвени игри, сликовници и книги на француски јазик, спортска облека, обувки, наменети за младите франкофони со цел да ги поттикнат и мотивираат да го изучуваат францускиот јазик.
Настанот е дел од Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.