Од 15 до 18 август- сите џез патишта водат кон Нишвил 2024

Специјално од Ниш- Валентина Ѓоргиевска Парго, уредничка во КулАрт

Овогодинешниот јубилеен, 30-ти Нишвил џез фестивал, ќе се одржи од 15 до 18 август 2024 година на платото на тврдината во Ниш, Србија.
Бендови од многу земји ќе настапат во главната пограма.

ЧЕТВРТОК, 15. 08.

19:30- 02:00

Nisville Jam Orkestra (Србија)
Vertigong (Индонезија)
Theo Crocker (САД)
Brookln Funk Essential (САД)
Black Uhuru (Јамајка)
Kermesz A L`est (Белгија)

ПЕТОК, 16.08.

19:30- 02:30

Hilarious Disaster (Полска/Украина)
AJS Quartet (Албанија)
Jany Mc Pherson (Куба/ Франција)
Camilla George (Нигерија/ Велика Британија)
Arested Development (САД)
Estudiantina Ensemble (Куба/ Холандија)

САБОТА, 17.08.

19:30- 02:30

Хрвоје Шенјуг & The Bypassers (Хрватска)
Conversation Sextet (Швајцарија/ Велика Британија)
Acoustic version (Бугарија)
Birelli Lagren / Ulf Wakenius / Martin Taylor (Франција/ Шведска/ Велика Британија)
Karen Souza (Аргентина)
Shuffle Demons (Канада)

НЕДЕЛА 18. 08.

19:30 – 02:00

PRIM (Австрија)
Postcard Sextet (Бугарија)
Scatter the Atoms that Remain (САД)
Konstrakta (Србија)
Brushy One String (Јамајка)
Eyot (Србија)

***
Концертите започнуваат во 19 часот и 30 минути и траат до 01:30 часот. Купените билети важат и за Midnight Jazz. Сетот влезници важи за сите денови и за сите програми на џез фестивалот.
Фестивалот годинава се одржува на 17 сцени, со вкупно 300 концерти и повеќе од 1000 изведувачи.
Всушност, почна на 9 август со театарски претстави, а во следниве денови имаше и проекција на филмови, поетски читања, изложби и свирки на млади нишки бендови.

***

Меѓународниот џез фестивал Нишвил е најпосетуваниот џез фестивал во Југоисточна Европа, и од неговото основање во 1995 година, доследно ги брани европските вредности на мултикултурализам и трпеливо го негува префинетиот музички вкус.
Овој фестивал е мета на многу реномирани европски медиуми- меѓу другото, текстот за фестивалот Нишвил- “Европско лице на Србија” објавен е во весникот на Европската Унија, списанието New Europe, од Брисел, како и текстот во престижниот британски “Гардијан” во 2016 година, каде Нишвил е вклучен во топ 10 џез фестивали во Европа.
Фестивалот е гордост на Србија!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.