Во Даут пашин амам од 26 јуни (среда) од 20 часот ќе биде отворена групната изложба „Неименувањето е одговор“.
Изложбата ќе се спроведува во соработка на Музејот на американска уметност во Берлин, Валтер Бенџамин Ели Га, (Њујорк/Стокхолм), Адриан Паци (Скадар/ Милано), Доплгенгер (Белград), Оливер Мусовиќ (Скопје) и Филип Јовановски (Битола/ Скопје).
Изложбата ги тестира границите на издржливоста, не во физичка смисла на зборот, туку во опирањето во границите на канонот и зададеностите од минатото, како и во естетската репрезентација, чии уметнички гестови понекогаш се јавуваат и како случајни настани или реакции. Таа на крајот зборува и за губењето на препознатливоста во идентитетот и преку тоа воведување на концептите на заедништво и солидарност“, стои меѓу другото во најавата за изложбата, чија кураторка е Ивана Васева.