“Ну погоди„ – во Градскиот парк со Македонска филхармонија донесе будење на спомените кај многумина од присутните

Македонската филхармонија и годинава ќе ја заврши концертната сезона со концерти под отворено небо. Вчеравечер Градскиот парк во Скопје, беше место каде се слушнаа звуците на подзаборавените музики од познатите и многу сакани цртани филмови во детството од многумина присутни.

На концертот насловен: „Ну погоди“, Македонската филхармонија изведоа музика од цртаните филмови на 60 -тите и 70 -тите години, и затоа на препознатливите звуци на темите од „Балтазар“, „Ну Погоди“, „Как Казаки“, „Козле Бозле“, „Густав“, „Балтазар“, „Мечето Ушко“…, и тоа проследени со специјална видео-проекција, како и со спектакуларен светлосен дизајн. На сето ова реагираа со насмевка и приказ на сеќавањата, што ги носат од детсвото, многумина од бројната публика во Градскиот парк во Скопје.

Сето ова благодарение на  аранжманите на извонредниот Владимир Николов, а под диригентската палка на Џијан Емин.

Концертната сезона Македонската филхармонија ќе ја заврши со уште еден концерт на отворено кој ќе се одржи на 29 јуни и ќе биде насловен „Љубов и револуција“, повторно под диригентсво на Џијан Емин. Во негови аранжмани ќе бидат изведени едни од најпопуларните песни од сферата на поп-рок и панк музиката која претежно ги одбележа 90-тите години. Заедно со оркестарот на Филхармонија, ќе настапи и хорот „ПроАрс“ чиј диригент е Сашо Татарчевски, а кој ќе биде всушност главниот носител на проектот. Ќе бидат изведени песни на култните „Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти Бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, Дејвид Боуви, „Секс Пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Пинк Флојд“, „Рамштајн“…

Двата концерта претставуваат уникатна идеја во смисла на тоа ваков тип на композиции да бидат изведени од страна на симфониски оркестар и хор, што е ретка практика и во светот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.