“Со мудрост до мир”, порача шаховскиот велемајстор Димитар Илиевски

8.09.2024

Во Скопје неколку дена се одвива потпишувањето на “Декларацијата за мир, против на сите војни во светот и против употребата на нуклеарното оружје”, покрената од уметникот и миро-мисионерот Живко Поповски Цветин и Цветиновиот комитет за мир, со која во знак на сеќавање на жртвите од нуклеарното бомбардирање на Хирошима и Нагасаки, на 6 и 9 Август 1945 година, се апелира веднаш да се прекине со сите војни и конфликти, на сите точки на Планетата
Потпишувањето се одвива пред Спомен собата на Мајка Тереза, со бројни граѓани и угледни личности, но и странски туристи кој го посетуваат градот и со личен потпис го даваат својот глас “За!”.

Денеска, членот на Цветиновиот комитет и прв добитник на Цветиновата награда за мир, шаховскиот велемајстор Димитар Илиевски порача дека мирот е најголема добивка, но за да се дојде до него потребно е да се користи позитивната моќ на умот и разумот.
-Со мудрост до мир, порачувам. Како шаховски играч повеќе 60 години, знам што значи во една партија секој потег, буквално за секој потег мора да се користи разумот, смиреноста и сконцентираноста, ако сакаме играта да заврши со успех. Така е и со мирот. Во играта меѓу мирот и војната, секој потег, секој чекор е важен, а мудроста е пресудна за мирот да не изгуби, да победи и да се дојде до оваа највисока фаза на човештвото. Секој од нас нека повлекува мудри потези во интерес на најголемата придобивка на човештвото- мирот, и да создадеме и оставиме поубав свет, рече Илиевски.
Во оваа пригода ја прочита и поемата од поетот Мендо Димовски, напишани посветена на македонскиот кандидат за Нобелова награда Цветин.


куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.