Горан Бојчевски и Матија Дедиќ со концерт во Битола

Следниот значаен музички проект кој оваа лето во рамките на БИТ ФЕСТ 2024 со поддршка на Општина Битола, ќе се случува на платото пред Офицерскиот дом, а во организација на КИЦ Битола.
„BALKAN NUEVO“со Горан Бојчевски и Матија Дедич. во придружба со Јака Крушич на контрабас и Грегор Хроват на тапани.
Петок на 09.08.2024, со почеток во 21 часот
Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски познат пијанист Матија Дедиќ, кој ја продолжува музичката традиција на неговото семејство, Арсен Дедиќ и Габи Новак, на 9 август.
Заедно со Матија Дедиќ, ќе настапи и битолчанецот Горан Бојчевски, магистер по кларинет и композитор, кој магистрираше на признатиот Моцартеуму во Салзбург, а музичките критичари го вбројуваат во еден од најдобрите кларинетисти во светот.
Горан Бојчевски магистрира на признатиот Моцартеуму во Салцбург со највисока оцена cum laude во класата на светски познатиот проф. Алоис Брандхофер (први кларинет на берлинска филхармонија).
Критичарите го вбројуваат меѓу најдобрите кларинетисти во светот. Исто така, е композитор кој создава музика за филмови, реклами, балет, и напишал ја комплетната суита “Балкански портрети”, која ја снимил во соработка со симфонскиот оркестар на РТВ Словенија. Посебно го цени фактот дека неговите композиции се изведуваат на различни универзитети низ светот, особено на Моцартеум во Салцбург.
Тој е основач на нов музички стил “балкан нуево”, кој црпи инспирација од неговите македонски корени и ги модернизира со елементи од класичната и танго музика. Неговите композиции се изведуваат низ Европа, САД и Азија.
Исто така, е добитник на Цељски грб (највисоко признание) за извонредни постигнувања на MOЦ во 2018 година во Словенија. Истата година ги распродал сите концерти низ Европа, како и именитната Галусова сала во Љубљана. Со успешниот балет “Дервиш и смрт” со негова авторска музика ја наполнил концертната доворана Лисински во Загреб.
Успешно настапува на сцени низ Европа и соработува со најголемите музички имена од Балканот- Џибони, Рибља Чорба, Влатко Стефановски, Симон Трпчески, Сидарта, Амира Медуњанин, Владо Креслин и многу други.”
Матија Дедиќ е врвен светски познат пијанист, кој повеќе од успешно ја продолжува традицијата на неговите родители Арсен Дедиќ и Габи Новак. Концертира насекаде низ светот, гостува и соработува со најпознати светски имиња: Антонио Санчез, Скот Коли, Жен Џексон, Бојан З, Џон Холенбек, Јорис Дудли, Рашид Зероуал, Бруно Кастелучи, Катија Вернек, Хауард Кертис, Мелиса Алдана, Јоханес Вејденмулер, Крис Чик, Џонатан Блејк, Мат Бревер, Флавио Даванцо, Симоне Серафини, Франческо Берзати, Карл Невит, Томас Брамери, Ману Каче, Грегори Хатчинсон, Џо Сандерс, Мехди Насули, Клеменс Марктл, Стефано Сени, Томи Камбел, Маријан Соливан, Јаков Мајман, Стафорд Хантер, Калвин Џонс итн.
Пишува музика за телевизија и театар, а и соработува со големи поп имиња на Балканот. Хрватското авторско друштво го награди за албумот “Октопуси” како најдобар автор и најдобар џез новинар во последните 10 години. Во јули 2002 година, Матија настапи на џез Фестивалот во Монтре во Франција како еден од 11-те финалисти, кои беа избрани од повеќе од 400 пијанисти од целиот свет.
Добитник е на голем број највисоки хрватски признанија во областа на културата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.