На 5 Август на платото пред Офицерскиот дом- КИЦ Битола, 21.00 часот.
Оливер Јосифовски и Исмаил Лумановски , ги покануваат нивните долгогодишни пријатели и музички соработници, во еден несекојдневен музички проект насловен како „Colors of Macedonia“.
Музика создадена специјално за оваа музичка приказна, која што ќе одѕвони на 5 Август во Битола, пред платото на Офицерскиот дом.
Музичарите како Алек Секуловски, иноватор, професор и специјалист по тапани, кој што има богата музичка кариера и живее и работи во Торонто, Давор Јордановски, композитир и клавијатурист исто така живее и работи на повеќе места во светот, Александар Петров перкусионист кој живее и настапува во Дубаи, Филип Динев гитарист кој живее и работи во Хамбург, Германија, и уште многу други музичари, на чело со Вера Милошевска, нам добро познатиот женски вокал ќе ја облагородат битолската музичка атмосфера, со музика инспирирана од многуте векови натрупаното македонско музичко богатство, преточена во модерна музика.
Поддржано од Општина Битола во рамките на Бит фест 2024.
„Colors of Macedonia“ на 5. Август во Битола
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.