ВЛАДИМИР МУРАТОВСКИ- ДИВО: Отсекогаш сум ја избегнувал комерцијалната страна во музиката!

26.07.2024

*Експериментален уметник. Во овие два збора би ја нашла единствената дефиниција за Вас. Автор кој создава според некој свој интересен концепт со своја насока. На почеток, покрај мојата која е Вашата дефиниција за вас?
– Моето име е Владимир Муратовски со уметнички прекар Диво кој е зен според најпознатиот и најдобар Американски панк њувејв и електро состав (DEVO) којшто на нивните изданија и настапи се облекуваа во космонаутски скафандери. Инаку, роден сум на 2.09 1969 година и потекнувам од уметничко семејство. Мојот татко Серафим Муратовски беше диригент и професор на Факултетот за Музичка уметност тука, во Скопје, додека мојата мајка Олга Дорошева беше балерина, така што љубовта кон уметноста ме следи од самото мое раѓање. Основното образование го завршив тука во Скопје, а исто така и средното образование го завршив во Скопје. Јас сум мултимедијален уметник, пишувам поезија, колумни, цртам и сум музичар во познатиот проект состав ЕЛЕКТРО КУЛТУРА.
*Пред да се вовлечеме подлабоко во овој наш разговор, ајде да се потсетиме на вашите почетоци, во деведесеттите години. Како почна таа музичка приказна?
– Ќе спомнам неколку работи за кои моите починати родители се одговорни за моето интересирање и занимавање со различните правци во уметноста. Еден ден на својата 14 годишна возраст мојот постар брат донесе дома концертна плоча од американскиот состав The DOORS, кои што станаа мојот најомилен состав. Потоа на роденден кај еден свој пијател Игор Кочовски преку слушањето на разните песни кои што се пуштаа таа вечер една ми остави посебен впечаток и успеав да дознам дека тоа е песна од еден познат англиски панк рок состав SEX PISTOLS, а песната се викаше Good Save The Queen. Таа година татко ми службено отиде во Загреб и од таму ми донесе дури два плочи од “Азра”, кои што некои луѓе од тука не ги знаеја уште на своја 14 годишна возраст заедно со мојот маалски пријател Владимир Гавровски го формиравме првиот состав во тоа време “Кригла”, чија што музика беше некаква си комбинација од “новоталасниот” рок и авангардната музика. Успеавме да снимиме, во домашни услови, шеесет минути музика на аудио касета која за жал со тек на време се изгуби. По завршувањето на моето средно образование заедно со мојот и ден денес најдобар пријател Зоки Трпков го формиравме составот ЕЛЕКТРО КУЛТУРА кој што егзистира и ден денес како еден проект состав. Со Зоки , летото, таа далечната 1992 година успеавме да снимиме на касета од триесет минути музика со наслов “Мировна порака”. На овие снимки јас свирам на клавир, пеам, моја е музиката и текстовите, додека Зоки свиреше на електрична гитара и тој ги направи продукцијата и мастерингот Во овие песни се чувствуваше влијанието од се што тогаш слушавме (од њувејв, етно, електро како и влијанието на византиско црковната музика). По реализирањето на првиот демо албум „Мировна” Потоа следуваат „Сигнал“, “Молкот на тишината“, „Скопска Рапсодија“,, Империум“ и последниот „Зазорила Зора“:
* Бевте член на повеќе бендови и групи. Кога се потсетуваме на нив, што е она најмногу што ве прави горд на себе и ден денеска?
– Јас како тапнар и вокал бев член во уште еден состав.Тоа е инди рок составот „Рефреш“ во кој јас свирев на удиралки, повремено пеев, девојката од клубот La Kana свиреше на бас гитара, Ден, газдата на ЛаКања свиреше на е лектрича гитара секогаш во Ла Кања имаше нови инструменти на кои што ние свиревме и ги правевме песните пола саат пред почетокот на некој концерт.
*Колку скопската сцена дава инспирација за едно вакво индивидуално творештво како Вашето, целосно одлепено од таа сценска машинерија, независно и со личен печат.
-Човекот Горан Трајкоски ја започна целата оваа работа, а ние помладите генерации примавме влијанија од него.
*Од деведесеттите досега се променија многу работи, но не и вашата љубов и приврзаност кон панкерството. Што значи кога тој имиџ се негува и носи во себе си? Всушност, што значи самиот поим панк?
-Панкот лично јас го прифатив не толку за стилот, колку за ангажираноста и ставот во текстовите на песните.
*За кои странски теми и бендови од сферата на панкот се врзува вашата посветеност?
– Јас покрај The Clash како мој најомилен светски панк рок состав јас ги сакав и почитував и The JAM, Buzzcocks, The Stranglers, Cocvkney Rejects, Ruts, The Saints, Stiff Little Fingers, Slaughter And The Dogs, Discharge, Disorder, Disattack, Vedlvet Underground, MC 5, Stooges, Up.
*Имаме ли доволно добри панк теми кај нас за кои може да се каже дека ги обожавате, слушате, преработувате?
– Урбаноста во текстовите на панк песните е тоа што секогаш повеќе ме привлекувало и инспирирало од самиот стил на панкот. Инаку, според мене петте најдобри македонски остварувања на сите времиња се: Мизар- “Сенките играат”, Архангел- “Ладно оружје”, Санаториум- “Операција на мозокот”- Океан Пацифик- “Double trouble”, New Police State- “Нова генерација”.
*Што работите во моментов како музика? Еднаш ми рековте дека тоа е музика која има врска исклучиво со вселенските фрекфенции кои ретко кој може да ги прими. Дали е сѐ уште така?
– Јас следам само два музички стила етното и експерименталнмата музика.
*Ни грам комерцијала, ни миг комерцијален ефект нема во вашата творечка активност. Се исплатува ли вложено во време и ресурси?
– Јас отсекогаш сум ја избегнувал комерцијалната страна во музиката.
*Правите сетови секој вторник. Како изгледаат тие, може ли да ни станат интересни од сам опис, па да дојдеме и да ги посетиме?
– Една од моите активности е секако и организирањето на журките кои се одржуваат секој вторник во легендарната локација Партизанска “Штампа“. Повелете, па ќе се уверите дека се добри.
* И за крај, има ли Скопје добра клупска музика и сѐ уште добри дечки како оние од деведесеттите?
– Има, но денешната сцена не е како онаа порано.

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.