Музичка вечер со Duo Bright во Градот на културата

На програмата на Кривопаланечко културно лето и на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата“, вечерва, 26 август 2024 година, е настапот на музичкиот состав Duo Bright, кој ќе се одржи на летната сцена на Градскиот плоштад, со почеток во 20,00 часот.

Музичката вечер е посветена на поп-рок музиката, а ќе настапат музичарите Марио Марков и Кристијан Николов на гитара.

Младите музичари досега настапувале во Турција, Швајцарија и во Македонија и во подготовка се повеќе нивни авторски дела.

Музичката вечер се реализира во рамките на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.