Почетна ЖИВОТ Ретро Збогување со новинарката Анета Ѓошевска

Збогување со новинарката Анета Ѓошевска

25.07.2024

По кратко боледување во Скопје почина Анета Ѓошевска, поранешна новинарка во дневниот весник “Вечер”.

Својот работен век го помина подготвувајќи вести во деск, а потоа и во забавната и во културната редакција.

Извесен дел од својот живот работеше во Малта, период за кој истакнуваше дека ѝ исполнил дел од сонот, а по враќањето од таму повторно соработуваше со женски списанија во земјава.

Анета е родена во Скопје, во 1978 година. Средно образование заврши во гимназијата “Јосип Броз Тито”, а студираше на правниот факултет во Скопје, на Универзитетот Кирил и Методиј.

Колегите и колешките ќе ја паметат по колегијалноста и смислата за дружење и хумор со кои ја размекнуваше реалноста, нешто што го правеше нејзиното присуство секогаш пожелно и добредојдено, а неа толку прекрасна…

metropolis-big