Почина актерката Шенон Доерти, Бренда од серијата „Беверли Хилс 90210“

14 јули 2024

На 53-годишна возраст почина актерката Шенон Доерти, позната како Бренда од серијата „Беверли Хилс 90210“, со која растеа милион тинејџери во текот на деведесеттите.

„Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенон Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста. Посветената ќерка, сестра, тетка и пријателка беше опкружена со нејзините најблиски, како и со нејзиното куче Боуви. Семејството во овој момент бара приватност за да можат да тагуваат во мир“, изјави за „Пипл“ нејзината публицистка Лесли Слоун.

 

На ѕвездата од „Беверли Хилс 90210“ првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. Во 2017 година, ракот ѝ се вратил откако претходно минуваше низ третмани.

 

Јавноста ја запозна преку ликот на Бренда Волш, сестра на Брендон Волш и дел од дружината со Дилан, Кели, Стив, Андреа, Дејвид и Дона. Тие беа група тинејџери во „Беверли Хилс 90210“ кои растеа во Калифорнија и го пробиваа својот животен пат од училишните денови, сѐ до зрелоста.

Серијата имаше премиера во октомври 1990 година. Доерти го напушти шоуто по четвртата сезона во 1994, а потоа се појави како гостинка во римејкот во 2008 година.

Глумеше во серии и филмови, но беше и дел од реални ТВ шоуа.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.