“Моето алтер его” на Елеонора Николовска со четири промоции 

Скопје, јули 2024

Промоција на збирката поезија „Моето алтер его” од авторка Елеонора Николовска во изминатиов период доживеа четири промоции- првата на домашен терен во ЈОУ Библиотека ,,Искра“- Кочани (на 18 април), а втората на балкански, во македонското културно друштво Истарска жупанија „Св. Кирил и Методиј“ во Пула (на 23 мај), и третата во “НУ Центар за култура Крива Паланка (28 јуни), во рамките на манифестацијата Крива Паланка- Град на културата 2024.

И најновата промоција се случи на 9 јули во кафе-книжарница “Збор” во Скопје.

Замислена и реализирана како пријатна и опуштена друженка со поети и поетеси, кои читаа стихови од стихозбирката, токму онаму каде што ќе отвореа и ќе си најдеа некој стих кој ги погодил.

Станува збор за стихозбирка со нежни поетски стихови, на младата и перспективна поетеса.

Елеонора Николовска е родена во Крива Паланка. Дипломира на Филолошкиот Факултет, а подоцна и магистрира (Менаџмент на човечки ресурси).

Нејзините поетски творби, раскази, сатирични песни, афоризми и други творби се објавени во: „Литературни искри 2020“, „Сремскокарловачки песнички бродови 2020“, “Читам, пишем и цртам у доба короне“ (2020), „Себиљска реч“ (2020), „Гарави сокак“ (2020), „Муса Ќазим Ќатич“ (2020), „Чувари детињства“ (2020), „Охридски поетски бисер“ (2020), „Авлија бр. 22“ (2020), „Раскажувам фотографија 2020“, „Поетско Маркукуле“ (2021), „7. Поетски поздрав на Четрсе Штип 2021“, „Стихувалки 2021“, „СИНЃЕЛИЌЕВЕ ЧЕГАРСКЕ ВАТРЕ“ (2021), „Денови на поезијата“ (2021), „World Encyclopedia“ (2021), „Culture Flash 03” (2021), „Candles of Hope” (2021), „И мажите плачат“ (2021), „Гоцеви Видици“ (2021), „За денот на детето“ (2021), „Сремскокарловачки песнички бродови 2021“, „Вршачка поетска сусретања“ (2021), „Гарави сокак“ (2021), „С љубављу Деа III“ (2021), „Современи кратки книжевни форми“ (2021), „Дани сатире- ПАВЛЕ ТОНЧИЌ “, УСУК ЗАВИЧАЈ- Житковац (2021), , „Два пера у једном даху“ (2021), „1200 Молитви“ (2021), „Ехо поезија“ (2021), „42. Песничка јесен крај Мораве“ (2021), „За Мајка Тереза 2022“, „Празници, традиција и обичаи“ (2022), „Искри од животот“ (2022), „Силата на љубовта“ (2022), „8. Поетски поздрав на Четрсе Штип 2022“, „Шепотот на љубовта“ (2022), „Поетски букет- Buqetë poetike“ (2022), „Едно наше лето“ (2022), „Види оно што (не)чујеш XI“ (2022), „ Љубов“ (2022), „Пауна 5“ (2022), „Широк сокак“ (2022), „Силата на љубовта“ (2022), „Дани сатире- ПАВЛЕ ТОНЧИЌ“, УСУК ЗАВИЧАЈ- Житковац (2022), „Кокински мугри“ (2022), „Поетско Маркукуле“ (2022), „Мостови пријатељства VI“ (2022), „Панонски галеб“ (2022), „Поетски алманах“ (2022), „Кумановска симбиоза“ (2022), „Песочен часовник“ (2022), „Низ сито и решето“ (2022), „Вечер на Македонскиот афоризам во Кочани“ (2022), „Творечки бранувања“ (2022), „Ехо поезија“ (2022), „9. Поетски поздрав на Четрсе Штип 2023“, „Стихувалки 2023“, „Мајка Тереза 2“ (2023), „Нада Зафирова“ (2023), „Познати пера и уметници на Балканот“ (2023), „Шепотот на љубовта“ (2023), „Различни светови“ (2023), „С љубављу Деа V“ (2023), „Почит, љубов, доверба и самодоверба“ (2023), „Литературни искри 2023“, „Најдобрите приказни од Балканот“ (2023), „Преспански треперења“(2023), „10. Поетски поздрав на Четрсе Штип 2024“, „Вознес“ (2024), „Поезија за Македонија“ (2024), „Херој“ (2024), „Море на длану“(2024), „Преспански треперења“(2024), „Песнопојност“ (2024), „Стихувалки 2024“ и други.

Нејзини сатирични песни и афоризми се застапени во „Вршачка поетска сусретања“ (2021); „Дани сатире- ПАВЛЕ ТОНЧИЌ“ , УСУК ЗАВИЧАЈ- Житковац (2021) и Захвалница (2021,2022); „ПОВУЦИ- ПОТЕГНИ“, Мркоњиќ Град (2022) каде што добива награда „ЗЛАТНИ“ сатирични триптихон пјесама у акростиху; „Низ сито и решето“- етно афоризми (2022), „Кумановска симбиоза“ (2022) на оваа манифестација се здобива со Диплома за освоена втора награда за афоризми; Десет години “Вечер на македонскиот афоризам” во Кочани (2022); во списанието “Балканиум” и др.

Исто така добива Пофалница на конкурсот за афоризми на тема „Човек“ , Велес (2023), а на конкурсите на 3Г Афористичка репрезентација учествува од 2021, односно 2021, 2022, 2023 и оваа година 2024.

Била промоторка на повеќе книги и настани од културен карактер, организаторка и учесничка на бројни поетски збиднувања.

-„Низ сито и решето“ (етно афоризми) Библиотека „Гоце Делчев“ Велес (12.12.2022)

– Поетски настан „ПРОЛЕТ “ ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје- (28.03.2023)

– Поетски настан „БАЈКАТА И БАЈКОВИДНОТО“ ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје- 11.04.2023 .

Модераторка на натпреварот по кинески јазик „Кинески мост“, Институт „Конфуциј“ Скопје 06.05.2023.

„РАЦИНОВИ СРЕДБИ“ 2023 – 80 ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА РАЦИН

„НЕВЕН ПЕЈ“ (монодрама)- Рацинови средби 2023. К

,,Дебармаалски серенади“ (Скопје)- 14. 14.02.2024

„Празникот на фенерите“ СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ (Скопје)- организатор Институт „Конфуциј“ при УКИМ,Скопје (2024)

Но и ја организирала поетската манифестација „Жените на светот низ историјата“ – Жената симбол инспирација“ во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“- Скопје на 8 март 2024.

Фотографии: Антица Павлеска

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.