Отворен 23. филмски фестивал Синедејс

12 јули 2024

Пред полното гледалиште во паркот на МКЦ, со македонската премира на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во режија на Андреас Јонсен и во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket и концертот на Ефтеркланг: Македониум вечерва е отворен 23-от Меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS.

Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички

перформанс пред споменикот “Македониум” во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност.

Премиерата на филмот, се одржа на 23 март 2024 во рамките на “CPH:DOX” и беше проследена со уникатен концерт на ансамблот “Ефтеркланг: Македониум бенд” во кој членуваат 22 македонски музичари.

Филмот ја заокржува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ Македонија. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект.

Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.

Реализацијата на филмот е поддржана од страна на Министерството за култура на Р.С.Македонија со 250.000 денари, потоа Данскиот уметнички совет и

“Culture Moves Europe” програмата на Европска унија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.