петок 22 ноември, 2024

Педро Алмодовар е добитник на наградата „ Златен лав“ за животно дело 2019

Шпанскиот режисер Педро Алмодовар е добитник на наградата „ Златен лав“ за животно дело, на годинешниот Венециски филмски фестивал 2019.

Директорот на фестивалот Алберто Барбера изјави дека Алмодовар е „Режисер кој ни понуди содржини од повеќе значења како и  контроверзни и провокативни портрети на Шпанија.

Неговите филмови се занимаваат со „страста и идентитетот“, проткаени со „саркастичен хумор“ и украсени со „визуелен сјај“, изјавија во образложението за наградата од организаторите на Венецијалнскиот филмски фестивал.

Венецискиот филмски фестивал, кој е најстариот во светот, оваа година ќе се одржи од 28 август до 7 септември.

Во изјавата на Алмодовар ,откко ја слушнал веста за престижната награда изјавил дека : Златниот лав, ќе ми биде домашен миленик, заедно со двете мачки со кои живеам. Ви благодарам од срце!

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }