Скопје, 22 јуни 2024
Звјездан Ружиќ е дефинитивно музичко име кое треба да се запамети, откако синоќа настапи на отворањето на Скопско лето 2024 во преполниот Куршумли ан и направи фасцинантен концерт на пијано.
Изненадување на отворањето на 45 издание на фестивалот Скопско лето, беше “ненајавениот” гостин на гитара маестро Влатко Стефановски со кого прво ја изведоа песната за Ана Марија која Звијездан ја компонирал за малата убавица која загинала во земјотрес, потоа малку рок и на крај во смирена и маестрална варијанта заедно ја изведоа сеопшто познатата “Елено ќерко”.
21 јуни беше денот на неговиот роденден, освен што е Светски ден на музиката, и најдолгиот и прв ден од летото, па во таа пригода гостинот си доби подарок по концертот- младата пијанистка-ученичка Мила по завршувањето седна покрај пијаното и му засвири “Happy birthday”, дојдена со својата мајка да го проследи концертот.
Во Скопје денифинитивно гостуваше уште едно светско име Звјездан Ружиќ и неговиот проект „Пијанотрон“.
Освен што публиката уживаше во авторската музика на многу наградуваниот млад уметник Ружиќ, и во кратко објаснување за секоја композиција како и онаа што ја компонирал за својот многу сакан брат кој многу го пофали, настапот со Влатко беше изненадување, кулминација и врвот.
“Пијанотрон” е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои Звјездан свири. Тој го опишува овој свој експеримент како еден вид на филмска музика, украсена со влијанија од џезот, класичната, поп, рок и етно музиката.
Доста импресионирани посетители и посетители се фотографираат до него и му честитаа 36-тиот роденден.
Отворањето на 45 издание на фестивалот Скопско лето со збор два на почетокот го направи директорот Никола Глигоров (на фотосот), кој најави, и покрај финансиските пречки, навистина интересна програма цел јуни и до крајот на јули.
Валентина Ѓоргиевска Парго
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.