На 17 и 18 јуни 2024 година во преполната училница број 17 на Институтот за етнологија и антропологија се одржаа предавања, од страна професор Јуџи Јамада од Универзитетот Мие во Јапонија поврзано со стереотипот за нинџите.
На првиот ден Амбасадорот на Јапонија, г-дин Оцука Казуја, го отвори предавањето со краток говор на македонски. Гостите потоа ја посетија и едукативната збирка на факултетот.
Притоа на Амбасадорот официјално му подарија целосна оригинална машка носија од село Раштак, скопско, а професорот доби плетени чорапи од истиот крај.
Студентот Јовица Блажевски ја донираше носијата од својата сопствена колекција.
На 18 јуни се одржа второто предавање, кое беше проследено и со инсерти од филмови за нинџи.
Oрганизатори на предавањата беа Јапонската фондација, Македонско- јапонското друштво за пријателство и соработка, Јапонската амбасада и ИЕА.