Почина Калче Магдевски- првиот претседател на Светскиот македонски конгрес во САД

16.06.2024

По повеќемесечно боледување, вчера згасна животот на почитуваниот Калче Магдевски, истакнат бизнисмен и деец од дијаспората, кој повеќе децении живееше во Америка.

Тој беше прв претседател на Светскиот македонски конгрес во САД, член на ОМД и голем лобист во политичкиот живот за татковината, донатор и иницијатор во изградбата на Преспанскот Крст во родното преспанско село Подмочани (на фотосот со претседателот Борис Трајковски).

Остави големи дела за својата татковина Македонија и за родното место.

Човек кој од секоја ситуација и за секого гледаше да ја извлече најголемата корист. Дипломатичен и со врвен авторитет, скромен и ненаметлив бизнисмен со големи постигнувања.

Беше личен пријател со многу познати политичари и сопственици на големи медиуми, и често ја посетуваше Македонија.

Жителите на Подмочани упатија длабоко сочувство до семејството Магдевски, неговите дела ги продолжуваат потомците Пламен и Соња (која светот ја запозна нашироко како партнерка на славниот актер Емилио Естевез, по улогата во еден филм, но и по производство на вино), со што вечно ќе живеат спомените за него.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.