Балканската поп-ѕвезда Здравко Чолиќ (68) вечерва во Скопје Градскиот стадион -Арената Тодор Проевски,ќе одржи концерт пред македонската публика. Ова е втор негов концерт на овој Стадон, после оној што го одржа во 1999 година пред точно 20 години и кога на стадионот имаше над 25 000 публика .
Овој пат со старо-нов репертоар, како нов предизвик на Чолиќ, дали ќе го наполни? Балканската поп-ѕвезда сè уште снима хитови и спотови, држи концерти кои се секогаш распродадени, изгледа одличнопа дури ибрчките можат на прсти да му се избројат. Не е скандалозен тип, слободното време го минува со семејството и пријателите, сам ја избира гардеробата наогајќи го постојано својот внатрешен мир. Тој е Балканска ѕвезда која е над 40 години на сцената но не размислува за музичка пензија. Додека го служат телото и гласот, ќе пее и понатаму. Тој според информациите допатува од Белград заедно со сопругата Александра, што з амногумина предизвика интерес затоа што Чолиќ многу малку с епојавува во јавноста со сопругата и неговите две ќерки Уна и Лара.
Пред концертот во Скопје, Здравко веќе неколкупати престојуваше во главниот град и одржа средба со новинарите на која разговараше за деталите околу концертот, за Евровизија, музиката… Се дружеше со македонските фудбалски репрезентативци, а за возврат од Пандев доби подарок дрес од нашиот национален тим со бројот десет на грбот и неговото презиме.
Чола лани одржа два спектакуларни концерта во ВИП-арената, а за концертот в сабота ќе биде организиран специјален сообраќаен режим во Скопје. Вратите ќе бидат отворени од 17 часот, а овој пат се очекува 60-илјадна публика од земјата и регионот.
Како редовен гостин во Скопје, Здравко се радува на концертот на отворено, се надева на убаво време, а организаторот „Прагма продукција“ вети невидена пиротехника на сцена, светлосни ефекти, гудачки оркестар и специјални гости.
–
Секогаш сум среќен кога пеам пред македонската публика, која ги сака моите песни. Пораката секогаш е љубов, мир, пријателство и заедништво. Колку што се сеќавам, најпосетен концерт ми беше тој во 2008 година, на плоштадот со англиската атракција, „Шугар бејбс“ кога се собра 120-илјадна публика – изјави Чолиќ на пресот во Скопје.