На 1 јуни 2024 година, Друштвото на писателите на Македонија одржа редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото. За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски.
Живко Грозданоски македонски писател и книжевен преведувач, роден на 10 ноември 1986 во Кичево (извор: Википедија).
Образование: Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Основно образование завршил во Бигор Доленци и во Кичево, а средно во Американската гимназија Нова во Скопје. Дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески на Катедрата за романски јазици и книжевности, на Отсекот Италијански јазик и книжевност (сегашната Катедра по италијанистика).
Учествувал на неколку меѓународни резиденции и студиски престои во САД (SEEYLI, Wake Forest University in Winston-Salem, NC, 2004), Италија (Università per Stranieri di Perugia, 2009) и БиХ (Reading Balkans, Sarajevo, 2018). Во октомври 2006 година, во рамките на двонеделната работилница DoKo YoMi во Косовска Митровица го снимил краткиот документарец “In Cage”, кој следната 2007 година го претставил на Филмскиот фестивал во Кан (Critics’ week).
Неговите дела се преведени на бугарски, грчки, српски, албански, англиски, италијански, словенечки и германски. Преведува од италијански на македонски јазик и обратно. Mоментално го истражува концептот на „заедницата“, во делото на италијанскиот кантавтор Фабрицио де Андрé (1940-1999).
Дела: Писмо за Глорија (роман), Или-или, Скопје, 2022 Пет приказни од целиот свет (книга за деца), Чудна шума, Скопје, 2021 (награда од МАИ за најдобра книга за деца објавена помеѓу два саема на книга во Скопје) 50 раскази – избор од 10 збирки раскази – (под псевдонимот Жил Менар), Бегемот, Скопје, 2019 (во потесен избор за наградата „Рациново признание“ за 2020 г.);
Последното име на иднината (роман), Антолог, Скопје, 2018;
Отпечатоци врз коцки мраз (кратка проза), Темплум, Скопје, 2016 (2009 прво издание);
Куфер за тројца (роман), Или-или, Скопје, 2014 (финалист за наградата „Роман на годината“ на Утрински весник);
Приказни за тревите и други приказни (раскази), Антолог, Скопје, 2011;
Песок и свила (поезија), Гимназија „Нова“, Скопје, 2005
Под логото на „Булевар ослободување“, во 2020 ја има приредено и објавено малата тријазичната антологија, на македонски, грчки и англиски „Да сум на твое место/Αν ιμουν στι θεσι σου/If I were in your place“, во која се застапени 13 македонски автори на кратки книжевни форми (поезија и кратки-кратки раскази).
Застапеност во антологии
– Гласови на неприпадноста – преглед на современа МК литература, списание “Literatur und kritik”, Салцбург, 2020;
– Напиши ја промената, збирка кратки раскази од балкански автори, Пункт, Подгорица, 2020;
– Антологија на современи македонски и албански автори, Ми-Ан, Скопје, 2019;
– Летаат приказни, мала антологија на македонски автори, Темплум, Скопје, 2019;
– Избор од македонска кратка-кратка проза, списание Полја, Нови Сад, 2019;
– Очудувања #2, Бегемот, Скопје, 2018;
– Креативни точки, зборник на млади книжевни автори), Ми-Ан, Скопје, 2018;
– Тивка анестезија (за болката на другите), раскази, Антолог, Скопје, 2016;
– Premio Lupo, racconti brevi e inediti, Il Castello Edizioni, Фоџа, Пуља, Италија, 2015;
– Ветерот носи убаво време, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2012
– Избор македонска микро-фикција, ΚUD Otocje, Грахово об Бачи, Словенија, 2011.
Преведувачка дејност:
Од италијански, покрај други автори, ги има преведено следните дела:
Τhe Game (книга-есеј за деца), Сара Белтраме, А. Барико, Антолог, 2020
Τhe Game (книга-есеј), Алесандро Барико, Антолог, 2019
Нешто напишано (роман), Емануеле Треви, Магор, 2015;
Кал (збирка приказни и новела), Николо Аманити, Магор, 2013;
Коски од сепија (поезија), Еуџенио Монтале, Магор, 2013;
Сенилност (роман), Итало Звево, Темплум, 2011;
Next (долг есеј), Алесандро Барико, Антолог, 2010.
Покрај одреден број македонски поетеси, од македонски на италијански јазик, заедно со преведувачките Роска Стојменова-Вебер и Марианџела Бјанкофиоре ја има преведено и книгата “Dietro quell’angolo vi attende la sorpresa” („Зад оној агол ве очекува изненадувањето“ – избор песни и раскази од Влада Урошевиќ), Беса Саленто, Нардо, 2020.