Вечерва се затвораат “Мајски оперски вечери”

 

Вечерва, 31 мај со почеток во 20.00 часот ќе се затвори 52. издание на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ со величествената „Аида“ од Џузепе Верди.

 

„Аида“

Џузепе Верди

Опера во четири чина

 

 

Диригент: Нимрод Давид Фефер

На сцената на НОБ пренел и адаптирал: Дејан Прошев

Кореограф: Луиза Балдинети (Италија)

Асс.кореограф: Саша Евтимова

Асс.режисер: Љупка Јакимовска

Концерт мајстор: Верица Ламбевска

Хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска

Светло мајстор: Васил Лисичов

Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева,

Андреја Наунов, Јордан Петрушевски

Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Јордан Петрушевски

Испициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски

Суфлер: Невена Георгиева

 

НАСТАПУВААТ:

Aида: Моника Медек (Австрија)

Радамес: Ли Шуанг (Кина)

Амнерис: Гергана Русекова (Бугарија)

Рамфис: Игор Дурловски

Фараон: Диман Панчев (Бугарија)

Амонасро: Џузпе Алтомаре (Италија)

Главна свештеничка: Надежда Рубен

Гласник: Никола Стојчески

Балетски солист: Ивана Коцевска

Хорот,оркестарот и машкиот балетски ансамбл на Национална опера и балет

 

 

 

СИНОПСИС

 

Операта „Аида“ е напишана по нарачка на театарот во Каиро по повод отворањето на Суецкиот Канал и станала еднa од врвните творби на композиторовиот гениј. Дури во ова „егзотично“ либрето Верди ги наоѓа конечно „своите“ теми, чувства и страсти: предодредениот трагизам, безизлезноста на ситуациите, љубовта која ја победува смртта. Музичкото богатство на „Аида“ е постигнато со заемното дејствување на неколку музички планови и нивниот совршен сооднос: експресивно-психолошката линија на главните херои, мрачниот и непоколеблив свет на свештениците, раскошните триумфални масовни сцени, егзотичниот свет на Истокот чијшто колорит органски се вградува во драматургијата и музичкиот јазик на операта. Чајковски еднаш напишал: „Генијалноста на старецот Верди во „Аида“и „Отело“отвора нови патишта за италијанските музичари“.

 

Египет, Мемфис и Теба во фараонско време. Аида, етиописка робинка на египетската принцеза Амнерис, го сака Радамес, војсководец кој треба да командува во војната против Етиопија. Амнерис, исто така вљубена во Радамес, ја измамува Аида и ја дознава тајната на нејзината љубов. Радамес триумфално се враќа и за награда ја добива раката на Амнерис. Прикриен меѓу заробениците е Амонасро, кралот на Етиопија, таткото на Аида. Тој ја приморува ќерка си да ги дознае тајните воени патишта на непријателската војска од Радамес. Ненамерното предавство на Радамес е откриено од Амнерис. Главниот свештеник Рамфис го осудува Радамес да биде жив закопан. Аида успева да влезе во гробницата за да ја сподели судбината со саканиот.

 

I ЧИН

 

Радамес, командант на стражата, е избран да ја предводи египетската војска во војна против Етиопија. Тој е задоволен, но сонува да ја освои робинката Аида, ќерка на етиопскиот крал Амонасро, исто така тајно вљубена во него. Египетскиот народ посакува победа од Радамес и неговата војска. Од друга страна, Аида е растргната меѓу нејзината љубов кон Радамес и љубовта кон нејзината земја.

 

II ЧИН

 

Принцезата Амнерис стравува од најлошото: дали е Радамес вљубен во робинката Аида? Амнерис ја распрашува младата жена, заведувајќи ја да ја признае нејзината љубов. Аида го љуби Радамес и се осмелува да ги признае нејзините чувства кон својот ривал! Двете жени влегуваат во жесток дуел. Недалеку, кај портите на Теба, Египjаните се враќаат победоносно од војната. Сите го слават враќањето на својот херој, Радамес. Наградата е раката на Амнерис.

 

III ЧИН

 

Всушност, Аида е ќерка на кралот на Етиопија, Амонасро. Кога таа доаѓа да го поздрави Радамес на бреговите на Нил, се појавува нејзиниот татко. Тој успева да остане незабележан меѓу затворениците. Амонасро ја моли својата ќерка да ја разбере ужасната ситуација со која се соочува нејзиниот народ, кој е поразен и исцрпен. Таа мора да го стави интересот на својата земја пред љубовта кон Радамес! Во дует исполнет со нежност и резигнираност, Аида се сложува да го испита нејзиниот љубовник, во надеж дека ќе дојде до информации што би можеле да им помогнат на Етиопјаните да се кренат и да го нападнат Египет.

 

IV ЧИН

 

Со разговорот со Аида, Радамес ја предаде својата земја. Амнерис ќе стори сѐ за да го спаси, само доколку и тој се брани. Но, Радамес одбива да се спаси и е осуден да биде закопан жив, смрт која ја прифаќа херојски. Во темнината, додека чека да умре, Радамес ја открива Аида, кој се има скриено за да умре заедно со него. Тие се збогуваат со животот, во еден мрачен смртен дует, а нивните гласови се слушаат како да се искачуваат кон небесата.

 

Фотографија од генералната проба на 30.5.2024

 

Марко Угaраковиќ

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.