На денешен ден 24 Мај 1956 година, се одржа првата Евровизија, победи Лис Асија

Лис Асија (3. март 1924 Руперсвил- 24. март 2018 Цирих) е швајцарска пејачка на шлагери и првата победничка на Песна на Евровизија, што се одржа на денешен ден 24 Мај, во 1956 година.

 

Таа ја претставуваше Швајцарија на Песна на Евровизија и во 1957 и во 1958 година.

Активен период во музиката ѝ беше од 1942 до 2018 година.

Како млада се занимавала со танц, а потоа се сврти кон пеење. Победи на првиот натпревар на Песна на Евровизија, на кој за Швајцарија ја пееше песната “Refrain”.

Таа година ја претставуваше Швајцарија и со песната “Das alte Karussell” (во 1956 година учествувале само седум земји, но секоја со по две песни).

Исто така била учесничка и на германското национално финале во 1956 година.

На Песна на Евровизија се врати уште два пати. Следниот пат во 1957, кога беше на претпоследно место со Белгија, односно на осмо место со по пет поени пеејќи ја песната “L’enfant que j’étais” (а тогаш последен заврши претставникот на Австрија со 3 поени).

Лис Асија во 1958 година на Евровизија ја испеа песната “Giorgio”, и беше втора со 24 освоени поени (само 3 помалку од победникот Андре Клаво), за малку и ќе победеше.

Голема популарност низ светот ѝ донесе песната “O mein Papa”.

Во 2005 година, Асија настапи на 50. годишнината на Песна на Евровизија, а во 2015 година, на 60 годишнината, славниот актер Греам Нортон ја круниса за кралица на Евровизијата.

Беше специјална гостинка на Песна на Евровизија 2008 во Белград, а нашата уредничка Валентина Ѓоргиевска Парго средба со неа имаше следната, 2009 година, во Москва.

Лис повторно се натпреваруваше на швајцарскиот национален избор за Песна на Евровизија во 2012 година со песната “C’était ma vie”, но не победи на националниот избор па се во Баку се појавила само како специјална гостинка.

Во 2013 година со хип-хоп бендот New Jack се пријави на швајцарскиот национален избор за Песна на Евровизија 2013 со песната “All In Your Head”, но не влегоа во конкуренција.

Постоеја гласни и дека ќе го претставува Сан Марино во 2013 година, меѓутоа тогаш настапи Валентина Монета.

На Википедија може да се прочита дека Асија се омажила за Јохан Хенрик Кунц на 11. јануари 1957 година во Цирих. Кунз почина само девет месеци подоцна по борбата со тешката болест. Повторно се омажила за Оскар Педерсен во 1963 година. Педерсен починал во 1995 година.

 

Дискографија:

 

Oh Mein Papa

Ein kleiner goldner Ring

Refrain(s)

Das Alte Karussell

Holland Mädel

Jolie Jacqueline

L’enfant que j’étais

Giorgio

Die Glocken Hell Erklingen

Golodrina

C’était ma vie (2011.)

 

Филмографија:

 

Ein Mann Vergißt

Die Liebe (1955)

Schlager Parade

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.