Почетна УМЕТНОСТ Ликовна Самостојна изложба на ликовниот уметник Синиша Новески во Хрватска

Самостојна изложба на ликовниот уметник Синиша Новески во Хрватска

Во Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб, на 23 мај 2024 ќе се реализира самостојната изложба на уметникот Синиша Новески насловена „Мистерија и индивидуализам“. Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура.

Во изложбениот простор на информативниот центар ќе бидат претставени 12 скулптури, а на официјалното отворање на изложбата кое е закажано за 20ч ќе се обрати проф. д-р Милаим Фетаи, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северена Македонија во Република Хрватска, Наталија Поповска, директорката на Културно информативниот центар во Загреб, проф. д-р. Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија и Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија. За хрватска публика, припадниците на македонската дијаспора и сите останати љубители на уметноста изложбата ќе биде достапна до 30 мај 2024 година. Оваа изложба го надополнува богатиот каледнар на настани во 2024 г. во доменот на културната дипломатија на Националната галерија. Ја потврдуваме одличната соработка со Република Хрватска давајки придонес кон македонско-хрватските културни односи.

Авторот за себе ќе каже: „За мене убавината не е она што го гледате кога гледате скулптура, туку она што го чувствувате. Во уметноста нема правила, а не постои ниту строго дефиниран процес за создавање скулптура. Уметникот е свој господар и си создава свој свет како што сака и како што го знае.

Како студент работев со живи модели и се фокусирав на реализмот. Така бараа професорите од нас, за да ги научиме основите на скулптурата. Дури во четвртата година на студии добивме задача да создадеме скулптура во наш стил. Ова беше неверојатно тешко, не само за мене, туку и за секој студент – да најде нешто оригинално и креативно. Моите први скулптури беа од мермер и дрво, како скулптурите на моите професори, но не уживав да работам со овие материјали, беа многу рестриктивни за мене. Потоа, еден ден, додека седев во мојот работен простор опкружен со остатоци од метал, дрво и камен останати од скулптурите што ги направив, ми дојде идејата да го исчистам просторот земајќи ги сите остатоци претворајќи ги во скулптури. Ова беше почеток на мојата оригинална работа. Ги користев овие парчиња за да обликувам скулптура инспирирана од македонскиот „фолклор“ – традиционална облека, ора, песни и песни. Воедно, уживав во идејата дека овие скулптури се еколошки, претворајќи го отпадот во нешто убаво и трајно.

Откако го завршив академското образование во 2002 година, почнав повеќе да се фокусирам на истражување на човечката форма. Мојата прва самостојна изложба, инспирирана од работата на некои од најголемите скулптори и убавината на женската форма, се состоеше од женски фигури, кои ги извајав во глина, а потоа ги излеав во полимермер. Со текот на времето, човечките фигури продолжија да ми ја даваат мојата најголема инспирација, но мојата работа се повеќе се стилизираше, прво со јасни и чисти форми кои носат посебна порака, а сега, во моето последно дело, со поизразени, надреални интерпретации. Мојата серија „Парови“, создадена во 2012 година, се фокусираше на меѓусебната поврзаност на нештата, како што се „Мудрост и љубопитност“ или „Татко и дете“.

Самиот наслов на изложбата „Мистерија и индивидуализам“ не е случаен. За време на пандемијата, бидејќи мојата сопруга, ќерка и јас бевме како свет за себе, семејството неизбежно стана доминантна тема во мојата работа. Секоја нова скулптура стана не само експеримент во стилот, формата и материјалот, туку и истражување на близината и далечината, физички и емоционални.“, сподели авторот со кураторката на проектот, Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.

Голем број на скулптури на Синиша Новески се изложени во јавен простор и се дел од приватни колекции во Р. Северна Македонија, Србија, Бугарија и Соединетите Американски Држави.

Излагал на повеќе од дваесет самостојни изложби и на повеќе од 30 групни изложби. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, актуелен член во Уметничкиот совет, како и на Друштвото на ликовни уметници на Србија. Има учествувано на повеќе од десет ликовни колонии и симпозиуми, освоил исто толку награди како за сопственото уметничко творештво, така и за менторско педагошко работење со студенти.

 

****

 

 

БИОГРАФИЈА

 

 

Синиша Новески (роден на 6. септември 1978 г.) е академски скулптор и искусен педагог со повеќе од 20 скулптури изложени во јавни простори во Македонија, Србија, Бугарија и САД. Има изложено на 21 самостојни и повеќе од 35 групни изложби и има учествувано во повеќе од десет ликовни колонии и симпозиуми. Добитник е на 17 награди за сопствено уметничко творештво и за менторско-педагошко работење со студенти. Од 2023 г. е член е на Уметничкиот совет на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2002 г. како најдобар студент во класата по вајарство на професорот Васил Василев, Новески две години работел како асистент на еминентни скулптори Томе Серафимовски, Драган Попоски-Дада, и Никола Смилков. Титулата професор по уметност се здоби во 2004 г., а од 2007 до 2011 г. предаваше ликовно образование во СОУ „Свети Наум Охридски“ во Македонски Брод. Магистерски студии на Катедрата за вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје ги завршил во 2011 г. кај професор Жарко Башески.

Од 2011 до 2022 г., Новески ја прошири својата кариера во Белград, Србија, каде што, покрај развој како самостоен уметник, придонесе во областа на образованието и културната дипломатија во следните улоги: професор по ликовна уметност на Меѓународното училиште „Бејза“ (2013-2014), надворешен соработник за култура за Амбасадата на Македонија (2014-2018), претседател на управниот одбор на Македонски национален совет за култура (2015-2019), уметнички директор на манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“ (2013-наваму), член на Управниот одбор на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Србија (2014-наваму) и културен соработник на фондацијата „Нушиќ“ (2014-наваму).

Денес живее и работи како самостоен уметник во Македонија.

ОБРАЗОВАНИЕ

Факултетот за ликовна уметност

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

2011 Магистер по ликовни уметности од област вајарство

2008 Наставник по ликовна уметност со државен испит

2004 Наставник по ликовна уметност со педагошка доквалификација

2002 Дипломиран вајар со сценографија

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО И СОРАБОТКИ

2023- Член на Уметничкиот совет – Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), Скопје

2021 Сценограф за театарска претстава „Ветар во тапетите“ – Народен театар сцена „Раша Плаовиќ“, Белград, Србија

2014- Културен соработник – Фондацијата „Нушић“, Белград, Србија

2014- Член на управниот одбор – Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМУС), Белград, Србија

2013- Уметнички директор – Денови на Македонската култура, Белград, Србија

2007- Член – ДЛУМ, Скопје

2015-2019 Претседател – Одборот за култура на Националниот совет на Македонците во Србија, Панчево, Србија

2014-2018 Надворешен советник за култура – Амбасадата на Македонија, Белград, Србија

2014, ’16 Инструктор за изработка на скулптура на работилница – организирана од Американски совети за меѓународно образование и Музеј на отворено „Старо село“, Сирогојно, Србија

2013-2014 Професор по ликовна уметност – Меѓународно училиште „Бејза“, Белград Србија

2011 Инструктор за ликовни работилници – „Camp Sequanota“, Џенерстаун, Пенсилванија, САД

2007-2011 Професор по ликовна уметност – Средно училиште „Св. Наум Охридски“, Македонски Брод

2006 Асистент на споменикот „Александар Македонски“ (бронза), професор Никола Смилков – Штип

2004 Асистент на споменикот „Македонија“ (мозаик во камен), Рубенс Корубин – Пелинце

2004 Асистент на споменикот „Борците од НОБ“ (бронза), професор Драган Попоски-Дада – Битола

2003 Асистент на споменикот „Скопје ’63“ (бронза), академик Томе Серафимовски – Скопје

2002 Асистент на споменикот „Милтон Манаки“ (бронза), академик Томе Серафимовски – Битола

СКУЛПТУРИ НА ЈАВНИ МЕСТА И ВО КОЛЕКЦИИ

2023 „Кошава“ – Канцеларија на директорот на фармацевтската компанија „Innotech“, Париз, Франција

2022 „Самовилата на Слоештица“ – Слоештица

2018 „World Prize for Youth Humanism“ – Покровител „Cercle National de Réflexion sur la Jeunesse“

2018 „Св. Климент Охридски“ – Резиденција на Тимотеј, Митрополит на Дебарско-кичевска епархија, Охрид

2018 „Македонија и Америка“ – Резиденција на американскиот амбасадор во Белград, Србија

2017 „Портрет на Бранислав Нушиќ“ – Кабинет на министерот за надворешни работи на Србија, Белград, Србија

2017 „Бранислав Нушиќ“ – Музеј „Мацура“, Нови Бановци, Србија

2016 „Мајка Македонија“ – Кабинет на премиерот на Војводина, Нови Сад, Србија

2016 „Поврзување“ – Музеј на отворено „Старо село“, Сирогојно,Србија

2015 „Портрет на Иван Бекјарев“ – Приватна колекција на Иван Бекјарев, глумец и професор

2014 „Кирил и Методиј“ – Амбасада на Македонија, Белград, Србија

2014 „Бранислав Нушиќ“ – Фондација „Нушић“, Белград, Србија

2014 „Сирогојно вез“ – Музеј на отворено „Старо село“, Сирогојно, Србија

2013 „Портрет на Љубиша Георгиевски“ – Музеј на македонскиот национален театар, Скопје

2013 „Биста на Цар Самоил“ – Музеј Струмица и Градски парк, Струмица

2011 „Светиот Дух“ – „Camp Sequanota“, Пенсилванија, САД

2010 „Свети Кирил и Методиј“ – Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, Пордим, Бугарија

2010 „Свети Наум Охридски“ – Кабинет на градоначалникот на Општина Пордим, Бугарија

2010 „Пиперки“ – Земјоделски факултет, Струмица

2009 „Жена со гитара“ – Скопски кеј, Скопје

2008 „Свети Климент Охридски“ – Канцеларија на поранешен амбасадор на Европската комисија во Македонија Ерван Фуере

2008 „Македонка“ – Бугарски конзулат, Битола

2006 „Жена тотем“ – Градска библиотека, Павликени, Бугарија

2006 „Александар Македонски“ – Кабинет на градоначалникот на Општина Македонски Брод

2005 „Војници-Државници“ – Воена касарна, Кичево

2004 „Везилка“ – Кабинет на министерот за образование на Македонија, Скопје

2001 „Македонски вез“ – Канцеларија на дневниот весник „Дневник“, Скопје

1999 „Тотем на Цар Самоил“ – Хотел „Банско“, Струмица

1999 „Споменик на петте струмички студенти“ (коавтор) – Мал Парк, Струмица

1998 Споменик „Свети Климент Охридски“ – Основно училиште „Св. Климент Охридски“, Македонски Брод

САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ

2024 „Патина на љубовта“ (скулптури) – Галерија „Метаноја“, Скопје

2023 „Фамилија“ (скулптури) – Културно информативен центар, Скопје

2022 „Београђанка“ (скулптури) – „Галерија М“, Белград, Србија

2019 Изложба на скулптури – Педагошки музеј, Белград, Србија

2019 Изложба на скулптури – Културен центар на Војводина „Милош Црњански“, Нови Сад, Србија

2017 Изложба на скулптури по повод отворањето на Денови на македонска култура во Ниш – Културен центар, Ниш, Србија

2017 Изложба на скулптури по повод Потпишувањето на договорот за културна соработка помеѓу Македонија и Белорусија – „Вила Јелена“, Белград, Србија

2016 Изложба на скулптури за Американски совети за меѓународно образование Балканска турнеја – Фондација „Нушић“, Белград ,Србија

2016 Изложба на скулптури – Културен центар, Вршац, Србија

2015 „Скулптури“ – Галерија „Прогрес“, Белград, Србија

2013 „Скулптури“ – „Accademia del Lusso“, Белград, Србија

2013 „Форма и Сенка“ (скулптури) – „Accademia del Lusso“, Белград, Србија

2012 „Парови“ (скулптури) – „Центар лепих уметности Гуарнериус“, Белград, Србија

2011 Магистерска изложба на скулптури „Визуелно-ликовна материјализација на звукот во просторот“ – Пештера „Пешна“, Македонски Брод

2011 Изложба на скулптури по повод отворањето на 48. Меѓународна ликовна струмичка

Колонија – Дом на култура, Струмица

2010 „Потписи на срцето“ (скулптури) – Дом на култура, Македонски Брод

2009 Изложба на скулптури – Дом на култура, Демир Капија

2009 „Македонија“ (цртежи) – Дом на култура, Јабука, Србија

2009 „За големите Македонци“ (скулптури) – Дом на култура, Македонски Брод

2005 „Жена“ (скулптури) – Дом на култура, Македонски Брод

2002 Дипломска изложба на скулптури „Обликување на просторот“ – Факултет за ликовни

уметности, Скопје

ГРУПНИ ИЗЛОЖБИ

2023 „Несовершен простор 6: Пукнатини“ – „Европска куќа“, Струмица

2023 „Игри и Мечтаења“ изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) во склоп на манифестацијата „Бела ноќ“ – Арт Хуб, Скопје

2023 „Скулптури на Новото време“ – НУЦК „Трајко Прокопиев“, Куманово

2023 „Aрт Поинт Гумно 20 години“ – Офицерски дом, Битола

2023 „Современа скулптура“ изложба на ДЛУМ – Арт Хуб, Скопје

2022 „Мал формат“ изложба на ДЛУМ – Културно информативен центар, Скопје

2022 Годишната изложба на ДЛУМ – Национална галерија „Мала станица“, Скопје

2022 „Фарби полум’я сердець“ – „Палата Поточки“, Лавов, Украина

2019 Третиот фестивал на светлината „Zasjaće palaci“ – Котор, Црна Гора

2017 Изложба на Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМС) – Културен центар, Краљево, Србија

2016 Изложба на ДЛУМС – Нишка тврдина, Ниш, Србија

2016 „Изложба на Македонски уметници“ – Фондација „Нушић“, Белград, Србија

2015, ’13 Отворање на Денови на Македонска култура во Белград (ДЛУМС) – „Конак Кнегиње

Љубице“, Белград, Србија

2015 Изложба на ДЛУМС – Културен центар, Палилула, Белград, Србија

2014 Изложба на ДЛУМС – Културен центар, Ниш, Србија

2013 „Во чест на Илинден“ – Национален музеј, Панчево, Србија

2013 „Женски пејзажи“ – Центар за студии и културен развој, Белград, Србија

2013 „Линија и форма“ – „Кућа Ђуре Јакшића“, Белград, Србија

2012 Изложба на ДЛУМС – Културен центар, Обреновац, Србија

2011 Ликовни дела од 48. Меѓународна струмичка ликовна колонија – Дом на култура, Струмица

2010 Наградени скулптури за Јавниот меѓународен конкурс за спомениците „Гемиџите“, „Крсте Петков Мисирков“ и „Димитрија Чуповски“ – Музеј на Македонија, Скопје

2009, ’08 Годишна изложба на Друштво на ликовни уметници од Македонија (ДЛУМ) на Минијатурни

ликовни дела – Културно-информативен центар, Скопје

2008 Годишна изложба на ДЛУМ – Културно-информативен центар, Скопје

2008, ’07, ’06, ’05, ’03 Интернационална графичка колонија – Дом на култура, Македонски Брод

2007 Нови членови на ДЛУМ – Дом на АРМ, Скопје

2006 Шестата годишна изложба на Меѓународен уметнички симпозиум „АРТ Росица“ – Росица Галерија, Софија, Бугарија

2004 Наградени скулптури за Јавниот меѓународен конкурс за споменикот „НОБ – Битола“ –

Дом на култура, Битола

2003 „Еден скулпторски ракопис“ – МАНУ, Скопје

2003 Изложба на дипломирани студенти – Факултет за ликовна уметност (ФЛУ), Скопје

1998, ’99, 2000, ’01 Годишна изложба на Факултет за ликовна уметност – ФЛУ, Скопје

1999 Ликовни дела од 36. Меѓународна струмичка ликовна колонија – Дом на култура,

Струмица

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

2023 Награда за исклучителен придонес во развојот на ликовната уметност и афирмирање на македонската посебност – Општина Македонски Брод

2022 Наградата на Културно информативниот центар Скопје „Константин Мазев – Коце“ – „Мал формат“ изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ)

2022 Награда за Скулптура – Годишната изложба на ДЛУМ

2019 Златна плакета за извонреден придонес во работата и афирмацијата на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија

2018 Дела избрани за колекциите „New Nudes“ и „In Celebration of Calder“ – Онлајн галерија „Saatchi Art“

2015 Избран за „40 Under 40 List“ – „United Macedonian Diaspora“, САД

2015 Избран за „Expo Milano 2015“ – Милано, Италија

2010 Прва награда за колекција на ученички дела, категорија сликарство – Национален ликовен конкурс „Трка за таленти“, Скопје

2010 Трета откупна награда – Меѓународен конкурс за споменикот „Струма“, Струмица

2010 Трета откупна награда – Меѓународен конкурс за споменикот „Св. Наум Охридски“, Охрид

2010 Втора откупна награда – Меѓународен конкурс за споменикот „Димитрије Чуповски“, Скопје

2010 Трета откупна награда – Меѓународен конкурс за споменикот „Крсте Петков

Мисирков“, Скопје

2008 Прва награда за колекција на ученички дела – Национален ликовен конкурс „Меил арт“, Велес

2008 Прва награда – Селекција за најдобри македонски скулптори за скулптури на јавни места, Скопје

2008 Откупни награди за скулптурите „Методија Андонов-Ченто“ и „Гемиџиите“ – Општина Центар, Скопје

2003 Трета откупна награда – Меѓународен конкурс за споменикот „НОБ“, Битола

2001 Избран за најдобар студент во класата на отсекот вајарство на ФЛУ – Скопје

ЛИКОВНИ КОЛОНИИ И СИМПОЗИУМИ

2022 Меѓународна ликовна колонија Art Point-Gumno – Слоештица

2022 Меѓународна ликовна колонија организатор Агенција за иселеништво на Македонија – Крушево

2013 Меѓународна ликовна колонија „Папрадишки мајстори“ – Велес

2011 48. Меѓународна Струмичка ликовна колонија – Струмица

2008 Ликовна колонија – Крушево

2008, ’07, ’06, ’05, ‘03 Меѓународна графичка колонија – Македонски Брод

2007 Меѓународна ликовна колонија – Демир Капија

2006 6. Меѓународен симпозиум за скулптура „Арт Росица“ – Велико Трново, Бугарија

2003 Меѓународна ликовна колонија – Зрновци

1999 36. Меѓународна струмичка ликовна колонија – Струмица

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

metropolis-big