Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во изминатите години продуцираше и презентираше бројни дела од локални и меѓународни уметници како дел од својата програма и во соработка со локални и регионални партнери. Решивме да одиме понатаму преуредувајќи ја програмата. Така, Перформанс Платформа Фестивал (ППФ) во 2024 година се реформира во пионерска иницијатива, развивајќи ја својата програма во текот на целата година и преку соработки со фестивали низ земјата и во регионот.
-Нашата цел не е да започнеме уште еден фестивал во културната сфера каде што веќе ги има многу, туку да ги здружиме силите и да промовираме феминистички пристап во курирањето, споделувајќи ги ресурсите и развивајќи заеднички пристапи за дистрибуција на програми до разновидна публика.
ППФ ја реосмислува дистрибуцијата на уметнички дела надвор од еднодимензионалниот пристап преку поттикнување на повеќерелациски, тековни партнерства и пријателства.
Прифаќајќи дека продукцијата на новото произлегува од минатите напори, ние се стремиме да се позиционираме како поврзувачи, не само во балканскиот регион и локално, туку и како привремени чувари кои го одржуваат, унапредуваат и развиваат наследството на изведувачките уметности.
Посветен на претставување на меѓународни и локални изведби на пресекот на танцот, театарот и визуелната уметност, ППФ се фокусира на истражување кое навлегува во социо-политички теми кои опфаќаат микро и макро политика.
Преку нашата програма, се стремиме да поттикнеме критичко размислување за овие прашања. Затоа, не сме заинтересирани само за претставување финални продукции, туку и за споделување уметнички и колаборативни процеси, како и методологиите што ги поткрепуваат.
Оваа година ќе ја претставиме следнава програма: перформанси WORLD WITHOUT WOMEN [СВЕТ БЕЗ ЖЕНИ] конципирани, напишани и изведени според текст на Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ, Radical Cheerleading (Радикално навивање) од Зуфит Симон и NAM ChoreoLab [НАМ КореоЛаб] – Викторија Илиоска, Ана Дубљевиќ, Соња Преград, Дражен Драгоевиќ, проследено со дискурзивната програма Дијалог кој недостасува, коорганизирана со фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО и во соработка со Медуза.
ППФ програмата 2024 е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Креативна Европа за Западен Балкан и Гете- Институтот од Скопје.
Партнери на 2024 ППФ се фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО, МОТ фестивалот, Младинскиот културен центар (МКЦ) и Факултетот за драмски уметности – Скопје.