Евровизиската суперѕвезда Џони Логан денес полни 70 години, тој е роден на 13 Мај 1954 година. Роден е во Австралија живее во Ирска, родено име му е Шон Патрик Мајкл Шерард.
Тој е првиот пејач кој два пати има победено на Евровизија, како автори и пејач во 1980 и во 1987 година, а трет пат како автор на песната Why me, со која Линда Мартин победи во Малме во 1992 година.
Иако често доаѓа на Евровизија за дружење со бројните фанови и новинари, шведскиот дифузер СТВ овој пат го покани славниот Ирец Логан на годинешната Евровизија каде на паузата од првото полуфинале на 7 мај во Малме Арената, на спектакуларна сцена со светлосни ефекти и во придружба на симфониски оркестар, ја изведе победничката песна на швеѓанката Лорен Euphoria од 2012 и беа наречени Кралот и Кралицата (бидејќи и двајцата имаат победено по два пати како пејачи) и ги изведе и своите победнички хитови What’s Another Year (1980) Hold Me Now (1987).
Во рамки на Европа важи за најславен пејач било кога, нешто што беше Елвис Присли своевремено за Америка.