Евровизија 2024 ја дава сликата Европа без шминка, комплетна слобода на сцена, и визуелно патување во интергалактички филм!

(Од Малме ексклузивно за Куларт, Валентина Ѓоргиевска Парго)

Поминаа 68 години откако во градот Лугано, Швајцарија на 24 мај 1956 година се одржа првата Евровизија, каде учество зедоа седум земји- секоја изведувајќи по две песни, за да има вкупно 14, фестивал кој започнал по идеја на еден новинар од швајцарската телевизија Марсел Бесон кој осмислил како да се почне да се обновува воено- разурнатата Европа, и помирување на државите и нациите, по Втората светска војна. И како? Со Музичко- забавна програма!
Тоа и го направило овој музички фестивал, посакуван и обожаван и толку моќен во следните децении, за да денес повторно го држи приматот, дури и се проширува меѓу континенти, па да учествува дури и претставник од најдалечниот континент Австралија, но и сѐ уште да (мора да) ја отпочнува наново својата мисија на спојување и обнова, затоа што за жал сѐ уште истиот се одржува меѓу војни и конфликти, дури и меѓу земјите кои имаат свои (музички) претставници на и зад сцената.
Ако зборуваме за самата Евровизија, таа е занесна. Публиката ширум Европа два вечери доживеа волшебно визуелно евровизиско искуство на 7 и 9 мај, а вечерва на финалето 11 мај 2024 година ја очекува целосно изместување на умот и сите мозочни вијуги.
Продукцијата на врвно ниво, а самиот продуцент кој е роден во Малме оваа година тврди дека го дават и достигнуваат врвот.
Камери и „филмски поглед“ е генерално целата слика и за неа се користат вкупно 26 камери, вклучувајќи мешавина од RF, рачни и Steadicam опции. Се користи формат 1080i25 со креативен пресврт: PSF режим за посинематска естетика.
Искуството на публиката дополнително се засилува и со робустен звучен пејзаж, вклучувајќи рачни микрофони, пакети со појаси и посебни кабини за коментатори. Графиките со отворен код напојувани со HTML, JavaScript и CSS управуваат со сите визуелни елементи, вклучувајќи ја и графиката за гласање.
Системот со повеќе траки со 48 канали обезбедува беспрекорно мешање на аудио за пренос, звук во живо и следење во уво.
Транспортот на екипата користи електрични автомобили, осветлувањето на сцената се потпира исклучиво на LED и ласерски извори, а повеќето опрема се изнајмуваат за да се минимизира отпадот. Во таа насока оваа година нема ни торби ни промо материјал, освен кафе, банани и јаболка за освежување.
А минимизиран е уште еден од елементите а тоа е масовно и групно веење на знамиња, кои делуваа симпатично но на моменти даваа и националистички призвук.
Приоритет на Евровизија има естетиката и беспрекорно емитување, како и секогаш, но годинава врвот е достигнат.
Локацијата на Зелената соба е зад публиката каде се наредени едно до друго во три редови.


Почнува Шведска- завршува Австрија – Холандија отфрлена, Хрватска фаворит

Домаќинот Шведска ќе ја отвори финалната вечер а ќе ја затвори Австрија. Холандија отпадна затоа што нивниот претставник вчера влегол во конфликт со членка од организацијата а тоа тука има ригорозни правила и не е дозволено.
Од првата полуфинална вечер (7 мај) се пласираа Хрватска, Србија, Словенија, Португалија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Ирска и Луксембург.
Од втората полуфиналната вечер (9 мај) ќе настапат Латвија, Австрија, Норвешка, Израел, Грција, Естонија, Швајцарија, Грузија и Ерменија.
Гласањето во двете полуфинални вечери беше со телевоутинг, во финалето половина телевоутинг од земјите учеснички и половина од жири.
Претставникот на Хрватска Бејби Лазања се смета за најголем фаворит.


ЕБУ има строги правила кои ги наметнува и затоа кога и да се случи нешто има “сомневање” дека е договорено, со цел да се привлече повеќе внимание и да биде погледано. Но, скандалите ги замислуваат самите претставници со цел да се “поинтересни”.
Од таквите “скандалчиња” оваа година прв се истакна претставникот на Финска, Windows95man, кој се претстави со песната „No Rules“, а ги изненади сите кога излезе на сцената без гаќи.
Тоа за момент ја фрли во сенка израелската претставничка на Евровизија, која е актуелна уште од пред неколку месеци кога најпрво мораше да ја менува својата песна од “,Октомвриски дожд” во “,Ураган” и да менува делови од истата зашто алудираше на нападот и на појасот Газа.
Политика официјално на Евровизија не е дозволена, но самите тимови секогаш упатуваат некакви пораки, за или против некого кој е во конфликт, зашто Европа не успеа ништо да ја смири, таа сѐ уште има свои жаришта кои тлеат и избувнуваат.
Годинава во центарот е конфликтот во Газа, а паралелно со малку послаб интензитет од годиниве наназад е воениот конфликт со Украина.
Двете девојки од Украина кои ја претставуваат земјата овој пат пеат песна во која се молат на католичката светица Мајка Тереза и христијанската и католичка Дева Марија.
Украинските новинари ќе ви стават на очи тродимензионален двоглед да погледнете како денес изгледа разрушениот Киев и вие ќе се замрзнете.
Израелската пејачка освен што беше исвиркана за време на пробата во средата, и пред салата беше искинато израелскиот знаме, е сама по себе опасност од привлекување на одмазда со поставување на бомба, затоа обездувањето е на максимално ниво.
Палестински и пропалестински симболи и знамиња се забранети и во публика и на сцена. Но не помина без тоа.
Ерик Саде од Шведска, во ревијален дел од шоуто, носеше кефије околу лактот што луѓето го користат за да покажат дека се пропалестински настроени.
Ирската пејачка Бамби Таг се пожали дека им било забрането да ја носат облеката што ја планирале со древното келтско писмо на зборот огам, за кој велат дека може да се толкува како „примирје“ и „слобода за Палестина“.
Оли Александар од Велика Британија, повика на траен прекин на огнот во Газа.


Максимална слобода

Евровизија е ТВ-шоу во живо. За организаторот е важно само успешно телевизиско шоу и беспрекорна организација. Сѐ друго е максимална слобода на тимовите и учесниците, од кои некои делуваат шокантно, па дури и садо- мазохистички.
Секоја Евровизија потајни исфрла по некоја хумана порака за човекови права, која може да се сфати само со мудрост, а патем ја дава вистинската слика на Европа, без да ја шминка.
Но има и песни со политички став против војната или кршењето на човековите права, како и песни кои се занимаваат со феминизмот, андрогиноста, хомосексуалноста и борбата за различности.
Израел е најсилна цел оваа годиназ најмногу поради жестоката воена одмазда по терористичките напади на исламистичкиот Хамас.
Но, и во изминатите пет децении на Израел често беа спомнувани пораките за конфликтната состојба на Блискиот Исток. И во 1973 година, израелската претставничка настапи под посебни безбедносни мерки, бидејќи неколку месеци претходно, палестински терористи убија израелски спортисти во Олимпиското село во Минхен. Пејачката пееше во панцир, а публиката мораше да седи за време на нејзиниот настап и да не мрда многу.
Кога во 1978 година во Париз стана очигледно дека ќе победи израелскиот претставник Изхар Коен, во Јордан го прекина преносот и објави дека победиле Белгијците.
Во 1982 година, за време на Студената војна, германата Никол победи свирејќи на бела гитара и испраќајќи порака за мир.
Грузија во 2009 година беше исклучена поради играта на зборови во насловот на песната „We Don’t Wann Put In”.
Белорусија тоа го доживеа во 2021 година бидејќи бендот кој требаше да настапи, пред тоа во своите песни ги критикувал протестите против Александар Лукашенко.
Русија од 2022 година ја нема поради агресијата врз Украина, година во која победи Украина, но следната година поради безбедносни причини се одржа во Ливерпул.
Во 2016 година, Украинката Џамала победи со песна „1944” за прогонството на Татарите на Крим за време на режимот на Сталин. Но песната беше оправдана од РБУ дека не е политичка ами како опевање на семејна трагедија.
Сите земји имаат свои толкувања во однос на “политиката присутна на Евровизија”. Националните жирија често даваат гласови од соседски и идеолошки причини, но ЕБУ тука ништо не може да стори. Што се однесува до самиот организатор ЕБУ има строги правила и да имаше било каков макар и најмал сомнеж за неправилност од нивна страна фестивалот одамна ќе го изгубеше својот рејтинг. Но тој е сѐ погледан и попосакуван.
Македонија годинава нема свој претставник, по скандалот со фрлањето на македонското знаме и реакциите на публиката МРТВ одлучи да се повлече. Единствено Валентина Ѓоргиевска Парго е присутна како новинарка со интернационална акредитација и претседателка на ИНФЕ клубот, а Дарко Димитров како член на авторскиот тим на песната на Грузија…
United by music, гласеше официјалниот слоган.

Патувањето е овозможено од ТА. Џина Брага Сиднеј и медицински центар “Холиомедика”- Скопје

Медиумска соработка: Симе Георгиевски- Радио Преспа и Скидроу Сиднеј, Живко Поповски Цветин- Здружение “Гороцвет”, Татјана Гогоска- портал за култура “КулАрт”



куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.