Отворена изложба во Ко-Ра “Идентитет, идентификација, интеграции”

54

Со звуците и стиховите од “ОДА НА РАДОСТА” со настап на ХМД “Кочо Рацин” со диригентката Ангелина Спасовска, беше одбележано свеченото отворање на манифестацијата, со мултимедијална групна изложба по повод 9 мај 2024 година, Денот на ЕУ Галерија “КО-РА” во салоните- сутерен ЈУ Дом на култура “Кочо Рацин”- Скопје.
Оваа манифестација обедини бројни учесници, истакнати уметници, професори, асистенти, сликари, скулптори, графичари, дизајнери, фотографи.
Манифестацијата ја отвори Виолета Калиќ, дипл историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во ЈУ Дом на култура “Кочо Рацин”- Скопје.
Изложбата во рамките на проектот е оваа година насловена “Идентитет, идентификација, интеграции”

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.